Османи: ОБСЕ е потребна за да го поттикне мултилатерализмот и да ја олесни соработката, за луѓето да живеат слободно

November 30, 2023
1 min read

реклама


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на Фејсбук им се заблагодари на сите шефови на делегации присутни на денешниот 30-ти Министерски совет на ОБСЕ.

– Не смееме да дозволиме механизмите на ОБСЕ, кои придонесуваат за подобрување на животот на многу луѓе, да останат неискористени поради нашата внатрешна неусогласеност. ОБСЕ е потребна за да го поттикне мултилатерализмот и да ја олесни соработката, за луѓето да живеат слободно. Затоа мора да одговориме на овој повик заедно, бидејќи тој не доаѓа од мене како актуелен Претседавач, туку од луѓето од регионот на ОБСЕ на кои им служиме, напиша Османи на неговиот фејсбук профил.

реклама

Додава дека му претставува особена чест што сме домаќини на 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ и изразува надеж дека сите одговорно ќе пристапиме на тежината на моментот и заедно ќе разговараме за да обезбедиме иднина за ОБСЕ.

– На сите делегати и гости им посакувам успешна работа и смели одлуки, објави министерот Османи.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Комисијата на ЕУ изрази интерес за развивање на заемно корисно партнерство со Туркије

Следно

Тензична атмосфера во „Борис Трајковски“: На масата кај Лавров оставен лист „Резервирано за НАТО“

Latest from Blog

Амбасадорот на ЕУ во Србија: Разочаран сум од реториката што се користи во врска со ЕУ

Амбасадорот на Европската унија во Србија, Андреас фон Бекерат, денеска изјави за годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на патот кон ЕУ дека треба да „обезбеди мапа на патот“ за тоа
Go toTop