Османи: Обидите за влез на Курти на политичката сцена не се ништо ново, но нема да имаат никакво влијание

January 17, 2024
1 min read

Обидите на косовскиот премиер, Албин Курти да влезе на македонската политичка сцена, не се ништо новo. Такви обиди имало и порано, но тоа никако нема да влијае на политичката сцена во земјава која е консолидирана, смета министерот за надворешни Бујар Османи.

-Прво дека не е ништо ново, затоа што такви обиди за директни поддршки и учества имало и порано од претседателскиот кандидат, кој потоа беше министер во владата на Косово, преку учество на високи експоненти на предизборните собирања и митинзи. И тоа покажа дека политичката сцена на Албанците во Република Северна Македонија е консолидирана и не очекувам, како што не влијаеше претходно, да влијае и сега. Вториот аспект е фрагментирањето на политичката сцена. Тука не зборувам како министер за надворешни работи, туку како претставник на Албанците. Фрагментирање на албанската политичка сцена во повеќе помали партии ја ослабнува моќта да се претстават соодветно во државата, бидејќи има една тенденција, поттикната од надворешни фактори, но малку и од внатрешни, Албанците во Северна Македонија да се организираат во секој град да имаат политичка партија и секој град да има свој политички лидер и така тие да се занимаваат со локалните прашања и меѓу себе, за да нема една политичка платформа што ги претставува Албанците и да ја пренесе нивната политичка волја во институциите, вели Османи одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција со албанскиот колега Игли Хасани.

Третиот аспект, вели дека е влијанието на регионалната политика, а меѓуетничките односи во земјава се толку прецизно дефинирани што секое легитимирање на учество на други држави со свои политички партии, вклучувајќи ги и Србија, Бугарија, Албанија, Косово може да ги наруши динамиките овде што се толку прецизно калибрирани, рефлектирајќи ги меѓуетничките и меѓуполитичките односи.

 –Најважно е дека тоа е веќе испробано и нема да влијае никако на консолидираната политичка сцена, подвлече Османи.

Шефот на албанската дипломатија Хасани пак, на истото прашање одговори дека е тука како претставник на Албанија, за да ги поддржи прогресивните европски сили на Албанците и на Северна Македонија во нивните јасни ставови за европската иднина. Изрази уверување дека резултатите од претстојниот изборен процес нема да донесат промена во однос на посветеноста на земјата на европската иднина. 

-Албанија е фокусирана на поттикнување на добрососедските односи, непоколебливата заштита на правата на Албанците во целиот регион е еден елемент. Но, не треба да се заборави евроатлантската перспектива на сите Албанци, во Албанија, Северна Македонија, Косово, Црна Гора или каде било. Ние максимално ќе се обидеме да ги помогнеме нашите соседи да напредуваат на европскиот и евроатлантскиот пат. Важно е да бидеме обединети, не само како Албанци, туку и сите прогресивни сили во регионот за заедничката иднина на Западен Балкан во европското семејство, рече Игли Хасани

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕК следниот месец ќе ги претстави идеите како во пракса ќе функционира Унијата со над 30 земји членки

Следно

Има ли висок функционер кој нема блиски роднини во М-НАВ?

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop