Османи: Нема причина за предвремени избори наесен, туку за одлука – одиме кон ЕУ или остануваме во чекалната

May 26, 2023
2 mins read

Оваа година ќе се отвори сериозна патека за Западен Балкан, пред сè, поттикната и од потребата за Украина. Ќе се расчистат две групи – една што влегува во брзата патека и втора група што чека подобар момент. Ние или ќе влеземе во групата со Србија, Црна Гора и Албанија или ќе останеме во групата со Босна и Херцеговина и Косово кои сè уште имаат отворени прашања – вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи

Вратата на Европската Унија се отвора периодично, во одредени геополитички моменти, а процесот не бил лесен за ниту една земја, најмалку за нас бидејќи имавме билатерални пречки, но немаме алтернатива и затоа сега имаме сериозна шанса да бидеме во првата група држави што ќе влезат во ЕУ и пред нас е историска одлука за тоа дали ќе бидеме дел од оваа група, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ „Алсат“.

Од гостувањето на министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „360 степени“ на ТВ „Алсат“

Според него, очигледно е дека се очекува нешто големо за Украина во однос на нејзината европска перспектива и отворање на брза патека, но и дека на сите им е јасно дека Брисел не може да стигне до Киев без да помине низ Западен Балкан.

„Мислите дека новата влада во Бугарија беше само производ на желбата на политичките партии или на сфаќањето на контекстот дека е сериозен и на крстосница?! Така што, ќе се отвори сериозна патека за Западен Балкан оваа година, пред сè поттикната и од потребата за Украина и руската агресија во Украина. Тука ќе биде прашањето за нас и ќе се расчистат две групи – една што влегува во брзата патека и втора група што чека подобар момент. Ние или ќе влеземе во групата со Србија, Црна Гора и Албанија или ќе останеме во групата со Босна и Херцеговина и Косово, кои сè уште имаат отворени прашања“,

рече Османи.

На новинарско прашање – зошто граѓаните сега да веруваат дека ако се направат уставните измени навистина ќе има брза патека за земјава, имајќи предвид колку пати претходно беа изневерени од Европската Унија, Османи вели дека тоа се докажува врз основа на емпирија и дека во Европската Унија вратата се отвора периодично, во одредени геополитички моменти.

„Влегуваат тие што во моментот се подготвени, овој процес не бил лесен за ниту една држава, ние создаваме конспирации дека ова е за нас направено да биде тешко – да, бидејќи беше специфично поради билатералните пречки, но генерално е тежок процес за сите држави. Ние немаме алтернатива, така што ако сите најкредибилни проценки во Европската Унија кажуваат дека ќе има брза патека за Западен Балкан и дека има сериозна шанса првата група земји да влезе во ЕУ, наша ќе биде историската одлука дали влегуваме“,

вели Османи.

Според него, кога ќе се отвори првиот кластер, патот по кој ќе се движи земјата кон ЕУ е прав, иако и по него ќе има одредени пречки.

Прашан дали се разгледува опција за предвремени избори наесен ако не успеат да стигнат до двотретинско мнозинство во Собранието за уставните измени, Османи вели дека за такво нешто нема потреба, бидејќи наредната година следуваат регулари избори. Според шефот на дипломатијата, целиот фокус во овој момент, наместо на предвремени избори треба да се стави на комплетирање на процесот на уставни измени, особено во новите услови кога Бугарија ќе добие нова влада.

*Други вести од гостувањето на Османи во „360 степени“:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И ЕУ со осуда за тензиите на северот на Косово: Нема да прифатиме дополнителни провокации

Следно

Вучиќ до Македонците кои дојдоа на собирот во Белград: Ви благодарам, Србија секогаш ќе биде ваша мајка

Latest from Blog

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето
Go toTop