Османи: Мора да го зајакнеме ОБСЕ за иднината, ќе продолжиме да нудиме решенија за овие критични предизвици!

November 30, 2023
1 min read

реклама


Министерот за надворешни работи Бујар Османи го отвори министерскиот совет на ОБСЕ и во своето воведното обраќање ги повика присутните да постигнат консензус околу претседавањето на Малта.

Тој им посака добредојде на присутните делегации во градот каде се вкрстуваат различни култури и потсети на земјотресот од 1963 кога светот му помогна на Скопје.

реклама

„Имам три клучни пораки како претседавач. Северна Македонија го презема ОБСЕ во време на активна војна и закана за европската безбедност и меѓународниот мир. Руската агресија врз Украина ги прекрши правилата на оваа организација и ја наруши европската и човечката безбедност, дијалогот и ги уништи животите на луѓето кои сакаат да живеат слободно и без страв од војна. Наместо колективниот интересен се постигнуваат себични национални интереси. Ова создаде тешка околина на делување и наспроти ова останавме решителни да служиме како бранители на вредностите на ОБСЕ и мнозинството од земјите членки го избегнавме дефетизмот и да ги претставиме предизвиците за постоењето на ОБСЕ. Успеавме да постигнеме релевантност на организацијата. ОБСЕ остана решително наспроти сите предизвици и продолжува да работи и да ги организира сите активности и да ја продолжува мисијата наспроти сите предизвици. Неколку мисии продолжуваат да помагаат во регионите и активно се вклучивме во сите региони, наспроти тешките конфликти во Украина и Блискиот Исток. Мора да го зајакнеме ОБСЕ за иднината. Ќе продолжиме да нудиме решенија за овие критични предизвици и мило ми е што најдовме претседавач за 2024“, рече Османи.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел: Добивме список на заробеници за кои се очекува Хамас денес да ги ослободи

Следно

(ФОТО) Улиците околу „Борис Трајковски“ како во времето на корона-карантинот

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop