Османи и Таравари заборавија на билбордите да напишат и на македонски јазик?  

April 5, 2024
1 min read

Бујар Османи и Арбен Таравари тргнаа решително во трката за претседател на Македонија. Нивните ликови се веќе и на големи билборди.

Bujar Osmani President Euroipan!Travari President“… Ова се главните зборови на рекламните билборди кои од вчера може да се видат низ Македонија како дел од изборната кампања на претседателските кандидати на коалицијата предводена од ДУИ и коалицијата Вреди. Од она што се пренесува на социјалните мрежи, воочливо е дека натписите се само на албански јазик и негово латинично писмо. Од она што можеше да се види при првата пред конференција – таков е и на специјалниот изборен автобус на Османи.

Зарем заборавија да напишат и на македонски јазик? Ова е прашање на кое двајцата кандидати треба да дадат одговор.

Може, пак, наскоро им е планот да настапат и со македонски јазик оти нели и двајцата велат дека бараат гласови од сите граѓани на Македонија, а и дека сите ги почитуваат и сите ќе ги преставуваат ако бидат избрани?

Инаку, ваквиот однос на двајцата кандидати веќе предизвика и реакции и негодување кај граѓаните на социјалните мрежи. Тие укажуваат дека со ова се крши и Законот за употреба на македонскиот јазик, конкретно неговиот член 7 кој предвидува дека „Задолжително се лекторираат на македонски стандарден јазик и на неговото кирилско писмо: плакати, летоци, проспекти, транспаренти, рекламни табли, реклами на излози или друг вид рекламен материјал…“.

Некои граѓани со свои коментари го потсетуваат Бујар Османи на тоа како своевремено пред пет години вршеше обиколка на државните институции за да провери дали истакнале табли и на албански јазик.

-Каде е Бујар сега да помине и да реагира дали се почитува Законот за употреба на македонскиот јазик, или само е за табли…“, напиша еден граѓанин.  

Дали Османи и Таравари ќе реагираат на забелешките останува да се види. 

Извор: skopskoeho.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

МТСП: За сите лица корисници на право на надоместок заради попреченост е извршена исплата без оглед на возраста

Следно

ПОЕЗИЈА И ФОТОГРАФИИ ОД АНТЕ ПОПОВСКИ ЌЕ СЕ ДИГИТАЛИЗИРААТ ПРЕКУ СКОПСКАТА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата
Go toTop