Османи го претстави проектот „Чаир за сите деца“

August 31, 2025
2 mins read

Денес сме собрани тука по една посебна причина, за вашите деца. Знам дека секојдневно се соочувате со предизвици кои не се лесни: од обезбедувањето соодветна терапија, до наоѓањето поддршка во училиштата, па се до можноста тие да имаат еднакви шанси во општеството. Затоа, денес не доаѓам со празни зборови, туку со визија и конкретен план. Со овие зборови го започна својот говор кандидатот за Општина Чаир од Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи, на средбата со родителите на децата со попречености, каде што вети отворање на Дневен центар за деца со посебни потреби.

„Едно место каде вашите деца ќе добиваат дефектолошка, логопедска и психолошка поддршка, но и место каде ќе се чувствуваат прифатени и сакани. Центарот нема да биде само институција, туку и втор дом, со активности кои ќе ги развиваат нивните таленти и способности. За вас, родителите, ќе обезбедиме советување и стручна поддршка, бидејќи знаеме дека грижата за дете со попреченост е грижа за целото семејство. Ќе создадеме фонд за финансиска помош, преку кој ќе се покрива дел од трошоците за лекови, терапии и специјални помагала. Вие нема да останете сами во оваа борба“, изјави Османи.

„Ќе го направиме Чаир една поинаква општина“, продолжи Османи, „со лифтови, училишта и игралишта достапни за сите, затоа што движењето и пристапот не смеат да бидат привилегија, туку право на секое дете.“

„Исто така, ќе работиме на уривање на бариерите во општеството. Децата со посебни потреби ќе учествуваат во спортски, културни и забавни активности заедно со своите врсници. Инклузијата е вистинскиот пат кон здраво и силно заедништво. Моја визија е Чаир да биде општина без бариери, општина каде секое дете ќе има еднакви можности да расте, да учи и да се развива. Вие и вашите деца сте во срцето на мојата програма, и јас ќе бидам тука со вас и по изборите, кога ќе треба оваа визија да ја претвориме во реалност“, нагласи Османи, претставувајќи го проектот „Чаир за сите деца; Инклузија и Поддршка“.

„Бесплатни дефектолошки, логопедски и психолошки третмани за децата чии семејства немаат финансиски можности. Психо-физички и едукативни активности за развојот на децата. Професионална грижа и постојана поддршка за родителите. Општината ќе обезбеди опремен и адаптиран простор (училници, терапевтски сали и пристапно игралиште) во рок од 12 месеци. Организација на културни, спортски и забавни активности, во кои децата со посебни потреби ќе учествуваат заедно со своите врсници, рушејќи бариери и предрасуди“, рече Османи, не заборавајќи ја поддршката и за родителите.

„Редовни советувалишта и работилници за родителите (правна помош, психолошка поддршка, информации за правата и бенефициите, групи за поддршка). Организација на настани и активности на важни меѓународни датуми (како 2 април, Светскиот ден на аутизмот, 3 декември, Денот на лицата со попреченост), со цел подигање на јавната свест и вклучување на заедницата. Ќе има и финансиска поддршка за семејствата. Општината ќе формира фонд за финансиска поддршка, преку кој делумно ќе се покриваат трошоците за лекови, терапии и специјални помагала (инвалидски колички, слушни апарати, ортопедски помагала). Средствата ќе се распределуваат транспарентно и правично.“

„Ќе има и адаптација на јавните институции и училиштата во Чаир“, додаде Османи, „за тие да бидат достапни за сите деца.“

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре започнува учебната година: Во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Следно

БитФест завршува со магично светлосно шоу во Битола

Latest from Blog

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на
Go toTop