Османи: Фактот што ОБСЕ беше спасено во Скопје претставува огромен успех за нашата дипломатијата

December 18, 2023
1 min read

реклама


Успешното претседавање со ОБСЕ, текот и предизвиците со кои се соочи претседавачот и дипломатијата на земјава, беа тема на разговор во утринското интервју за Слободен Печат на Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Можеше ОБСЕ да пропадне во текот на нашето претседавање. Замислете кое е тоа историско наследство ќе оставивме ние. Бидејќи сите предуслови, до една недела пред Советот во Скопје, сите беа убедени дека во Скопје ќе се исклучат светлата на ОБСЕ. Сето тоа беше дел од едно успешно менаџирање на 57 земји учеснички, во кој што за четворица земји кандидати и една земја претседавач се усогласија и Русија, и Украина, и САД, и НАТО земји и ЕУ земји. Тоа не можеше да се замисли до пред неколку недели пред самиот Совет,“ рече министерот Османи.

реклама

Османи нагласи дека Советот на ОБСЕ во Скопје е големо признание за нашата дипломатија, но и за граѓаните, доказ дека  всушност имаме капацитет

„Нас ни недостасува можност- експозиција, како можност за да се покажеме. Значи, системот во МНР, во кој јас имав одредени сомнежи, во квалитетот, во можноста, желбата… се покажа беспрекорен. Се покажа дека нас не ни недостасува капацитет, туку можност да се покажеме“, заклучи министерот.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франција побара објаснување од Израел по убивањето на вработен во француското МНР во нападите во Газа

Следно

Туркије продолжува со напорите за доставување итна хуманитарна помош за Палестинците

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop