Ослободени сите приведени навивачи на Левски, на пат се за Софија

July 28, 2023
1 min read

Ослободени се сите 19 навивачи на фудбалскиот клуб Левски кои синоќа беа приведени во Скопје. Казните им се платени со средства собрани од симпатизерите на клубот по натпреварот со Шкупи. Навивачите веќе се на пат за Софија.

За инцидентот во скопската населба Чаир, бугарските приврзаници ги запреле автомобилите, излегле од нив, по што започнала расправија која прераснала во физичка пресметка со група граѓани“, извести Јавното обвинителство.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски посочи дека напаѓачите кои со нож го избоделе бугарскиот навивач на Левски се идентификувани. Според него, автомобилите со бугарски регистрации поминале низ населбата Чаир за да ги испровоцираат граѓаните и во Македонија пристигнале со приватен превоз, а не со организиран превоз за фудбалскиот натпревар.

Како што доцна синоќа соопштија од нашето МВР, од 19-те приведени, осум лица се за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив.

Бугарскиот конзул во Скопје вчера го посети повредениот навивач во болница, при што станало јасно дека неговата состојба е стабилна и нема ризик по неговиот живот. Бугарскиот амбасадор во Скопје остварил разговор со надлежните органи и инсистирал на итно расчистување на случајот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на нигериската Претседателска гарда, Тчиани, се прогласи за нов лидер по пучот

Следно

Првпат по 20 години Сингапур егзекутира жена осудена на смртна казна

Latest from Blog

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски

Николоски: Ќе се реконструира целиот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско Брдо

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на
Go toTop