Ослободена Палестинка од израелски затвор: „Во затвор ја гушкав перницата, во копнеж по својата ќерка“

January 21, 2025
2 mins read

ВИТЛЕЕМ (АА) – Рола Хаснејн, 30-годишна палестинска новинарка и активистка, беше ослободена од израелскиот затвор вчера, во рамки на договорот за размена на затвореници меѓу Израел и Хамас, што е прва фаза од спогодбата за прекин на огнот, јавува Анадолу.

Хаснејн беше уапсена на 19 март 2023 година, по рацијата на израелските сили во нејзиниот дом во јужниот дел на Витлеем.

Таа беше обвинета за поттикнување насилство преку социјалните медиуми.

За време на притворот, Хаснејн беше одделена од својата ќерка Илја, која имала само девет месеци во моментот на апсењето.

Во изјава за Анадолу, Хаснејн ја сподели емоционалната тежина од разделбата со своето дете, особено стравот дека нејзината ќерка Илја нема да ја препознае по толку долго време.

„Живеев со голем страв како ќе се вратам кај Илја. Таа беше бебе кога бев уапсена, а по месеци во затвор, ја изгубив секоја врска со моето бебе, што беше многу болен момент. Бев преплавена од мисли дали ќе ме препознае и прифати?“, изјави таа.

Хаснејн раскажа за болката од пропуштањето на значајните моменти од животот на својата ќерка, како нејзиниот прв Рамазан и првиот роденден, кои ги поминала во затвор.

„Тие датуми за мене поминуваа на многу трагичен начин“, изјави таа.

„Окупацијата намерно ни го отежнуваше животот, спречувајќи нè да добиваме вести однадвор, блокирајќи ги средбите со адвокатите и изолирајќи нè од семејствата.“

За време на престојот во затвор, Хаснејн се обидувала да си пружи утеха држејќи ја перницата како замена за своето дете.

„Секој ден спиев на креветот држејќи перница во рацете, обидувајќи се да си го утешам срцето дека држам нешто во рацете“, изјави таа.

По нејзиното ослободување, повторната средба со Илја била момент полн со емоции, но и со предизвици.

„Кога ја гушнав, беше малку затечена и не ме прифати веднаш“, раскажа Хаснејн.

„Моето семејство ѝ покажувало фотографии од мене, но реалноста на присуството не може да се замени со слики. Се надевам дека со време работите ќе се подобрат.“

Ослободувањето на Хаснејн е дел од поширокиот договор, со кој 90 палестински затвореници беа ослободени во замена за ослободување на три израелски цивилки, кои беа држени од страна на Хамас.

Оваа размена е прва фаза од прекинот на огнот посредуван од Катар, Египет и Соединетите Американски Држави. Договорено е прекинот на огнот да трае 42 дена, со очекување за понатамошни преговори за втората и третата фаза.

Моментално, повеќе од 10.400 палестински затвореници се наоѓаат во израелските затвори, додека околу 96 израелски затвореници се верува дека се држат во Газа.

Хуманитарните услови за затворениците, особено во Газа, дополнително се влошуваат поради тековниот конфликт, со бројни извештаи за жртви поради израелските воздушни напади.

Хаснејн, која потекнува од бегалскиот камп Џалазон во близина на Рамала, беше осудена од израелскиот суд на 11 месеци затвор и парична казна од 5.000 шекели (околу 1.400 долари).

И покрај предизвиците со кои се соочила, вклучувајќи изолација и лош третман, таа изрази надеж за подобра иднина за себе и за својата ќерка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Собранието ги донесе измените на Законот за заштита на децата

Следно

Митев: Иако во помал број, навивачите ни беа ветер во грб

Latest from Blog

Предложен притвор за лицето во кичевско кое со секира го убил својот татко, а и нанел тешки повреди на својата мајка

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна

Македонија повторно во европската елита, обезбеди учество на континенталното првенство во ракомет во 2026

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година. По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија

Кузмановски: Сакаме да сме пример за младите, како што за нас беа Кире, Столе, Жути

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство. „Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за

Дрво падна врз автомобил во Струмица

Вечерва околу 20 часот, дрво паднало врз автомобил во Струмица, на улицата Ванчо Китанов. Регирала и противпожарната служба, и за среќа нема повредени. „Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо

Шукова: Чиста животна средина, приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 

Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на
Go toTop