Оштетена водоводна мрежа во Визбегово – дупки на улиците полни со вода! Жителите се жалат

July 10, 2025
1 min read

„Се наоѓам во Визбегово и малите дупки со вода што ги гледате тука не се од дождот, ниту од миење на асфалтот или дворовите на куќите во околината. Туку станува збор за оштетување на водоводната мрежа на улица 1“, пренесува репортерот на ТВ21, Ваљон Салаи.

Според жителите на населбата Визбегово на улица „1“, оштетени се цевките од водоводната мрежа. Овој проблем трае повеќе од две недели.

Енес Мифтари вели дека веќе десет дена откако дошол во татковина, уште првиот ден се соочил со овој проблем. Според него, како да не беше доволно што улицата е неасфалтирана, сега и водата што истекува дополнително ја влошува состојбата на оваа улица.

„Проблем број еден е улицата, а бидејќи јас сум иселеник, сега сум дојден на одмор, околу десет дена сум тука. Овој проблем со водоводот што го гледате е постојано присутен. Веќе десет дена минувам овде и се соочуваме со овој проблем. Има и недостаток на вода, бидејќи водата постојано истекува. И секој пат кога минуваме со автомобил, се оштетуваат автомобилите, се прскаат, се калуваат, цело време треба да ги чистиме колите. Ова е неподносливо!“ – вели Енес Мифтари, жител.

Екипата на Телевизија 21 за овој проблем се обрати до ЈП Водовод и канализација, за да праша дали се запознаени со истото, но до објавување на овој текст не добивме одговор.

Според жителите, овие дефекти предизвикуваат недостиг на питка вода во различни делови од населбата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ ќе се одржи од 7-12 август во Дојран

Следно

Билансот на жртви во Газа близу 57.800, Израел ја продолжува геноцидната војна против Палестинците

Latest from Blog

Младоженец е убиен додека одел на сопствената свадба, причината е морничава

Невидениот злостор се случил во областа на полициската станица Кета Сараи, соопштија официјални лица. Според началникот на полицијата во Кунвар, Анупам Сингх, обвинетиот, идентификуван како Прадип Бинд, заедно со соучесник, отворил оган

Хоџа: Потребни се заеднички решенија за климатските предизвици

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на министерската тркалезна маса на 5-тиот Меѓународен форум за води што се одржува во Истанбул, Република Турција. Во своето обраќање, тој ја

ЛШ: Арсенал по 20 години повторно ќе игра финале, Сака е херојот на Лондон (ВИДЕО)

По дводецениско чекање, навивачите на Арсенал ќе имаат можност да гледаат уште едно големо финале во Лигата на шампионите на УЕФА во кое ќе настапи нивниот омилен тим. „Топчиите“ минимално со 1:0
Go toTop