Оштетена во земјотресот, црквата Св. Никола во Туркије ја доживеа истата судбина како и пред 151 година

February 28, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – ФЕРДИ УЗУН/МЕХМЕТ ЧАЛИК –

Грчката православна црква „Свети Никола“ е оштетена во земјотресите што на почетокот на месецот ја погодија јужна Туркије, јавува Анадолу.

Црквата ја доживеа истата судбина како и пред 151 година, кога подрачјето беше погодено од земјотрес.

Дел од Грчката православна црква во Искендерун е уништен во земјотресите што ја погодија Туркије на 6 февруари.

Џем Тејмур, директор на Фондацијата на Грчката православна црква, рече дека црквата е затворена за молитва. Потсети дека слична судбина доживеала и пред 151 година, кога била отворена.

„Почна да се гради во 1860-тите, беше изградена, а откако беше отворена, беше оштетена во големиот и разорен земјотрес што се случи во Хатај во 1872 година. Повторно беше отворена за богослужба во 1876 година“, изјави Тејмур за Анадолу.

Тој се надева дека брзо ќе се санираат штетите. Како што рече, црквата на 6 февруари претрпела сериозно оштетување.

„Предната фасада е целосно уништена. Ѕидовите на источната и западната страна на задниот дел се целосно одвоени. Бидејќи нашата црква е сериозно оштетена, не може да се одвива богослужбата“, рече Тејмур.

Како што истакна, ова подрачје е погодено од голема катастрофа.

„Тоа е голема катастрофа. Навистина сè уште сме во шок. Не се радувам што го преживеав земјотресот затоа што загинаа многу наши пријатели, сограѓани… Ова е наша татковина, ова е наш град каде што ја делиме среќата и болката. Се надевам дека повторно заедно ќе доживееме убави денови“, порача Тејмур.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Бислимоски: Донесовме одлука за цената на водата врз основа на барањето на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

Следно

Илон Маск формира тим за да му стане ривал на „ЧетЏи-пи-ти“ во технологијата на вештачка интелигенција

Latest from Blog

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото

Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. По дојавата, полицијата веднаш

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Колумбија денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри, додека на површината бил најблиску

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но
Go toTop