Илон Маск формира тим за да му стане ривал на „ЧетЏи-пи-ти“ во технологијата на вештачка интелигенција

February 28, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Американскиот милијардер Илон Маск, сопственик на „Спејс икс“ и Твитер, се обрати до истражувачите за вештачка интелигенција за да создадат нова лабораторија за да му се спротивстави на „ЧетЏи-пи-ти“ (ChatGPT), „четботот“ за вештачка интелигенција развиен од „ОпенАИ“, пренесува Анадолу.

Според веста на „Јаху њуз“, Маск го вработува истражувачот Игор Бабушкин, кој неодамна ја напушти единицата за вештачка интелигенција „ДипМајнд“ на Алфабет, за да формира тим кој може да се натпреварува и да стане ривал на „ЧетЏи-пи-ти“.

Се нагласува дека Маск и Бабушкин разговарале за формирање тим кој ќе продолжи со нивното истражување за вештачката интелигенција, но проектот сè уште е во рана фаза и засега не се откриени конкретни планови за развој на конкретен производ.

Според соопштеното, Бабушкин сè уште официјално не ја потпишал новата иницијатива на Маск.

Маск, кој е меѓу основачите на „ЧетЏи-пи-ти“, текстуален „четбот“ развиен од ОпенАИ, што може да пишува текст, поезија, па дури и компјутерски код по команда, се повлече од Управниот одбор во 2018 година.

На 3 декември 2022 година, Маск напиша на Твитер: „’ЧетЏи-пи-ти’ е навистина добар. Не сме далеку од вештачката интелигенција која може да се смета за опасна.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оштетена во земјотресот, црквата Св. Никола во Туркије ја доживеа истата судбина како и пред 151 година

Следно

Кривична пријава против двајца измамници од Скопје

Latest from Blog

Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)

Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури

„Тука не смееш и животни да оставиш да живеат“, и пациентите и вработените во опасност

Екипата на „Фокус“ го посети и машкиот оддел во Психијатриската болница во Бардовци, кој во моментов се реновира, но, според кажувањата, тоа изгледало како од хорор-филм. Во такви страшни услови, децении живееле

14 загинати во нов израелски напад низ јужен Либан

Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски
Go toTop