ОРКЕСТАРОТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА ЌЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ ВО ПРЕСТИЖНАТА САЛА „МУЗИКФЕРАЈН“ ВО ВИЕНА

February 3, 2025
1 min read

Оркестарот на Филхармонијата на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена, дом на Виенската филхармонија и место каде што секој 1 јануари се одржува најпознатиот Новогодишен концерт во светот.

„Настапот на сцената на ‘Музикферајн’ во Виена е заокружување на прославата на 80 годишнината од формирањето на оркестарот, а воедно ќе се одбележат и 30 години од воспоставување на дипломатски односи меѓу Австрија и Македонија“, велат од Филхармонијата. 

На концертот во Виена, како солисти ќе настапат Ана и Игор Дурловски, а диригент ќе биде маестро Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се „Македонска парафраза бр.2“ од Бете Илин, „Тешкото“ од Глигор Смокварски, пет традиционални македонски песни во оркестарски аранжмани на композиторот Сони Петровски и Симфонијата бр.8 од Антонин Дворжак. Програмата е спој на македонската музичка традиција и фоклор и европската класика.

„Културата е најсилeн дипломатски инструмент на една држава. Концертот во ‘Музикферајн’ не е само уште еден настап на нашиот оркестар. Станува збор за историски момент за македонската култура кој докажува дека нашата земја има вреден уметнички потенцијал кој ќе отвори нови перспективи за македонската музика на меѓународната сцена“, вели Александар Котевски, в.д. директор на Филхармонијата. 

„Музикферајн“ во Виена е една од најзначајните концертни сали во светот. Постои од 1870 година и е дело на данскиот архитект Теофил Хансен чиј дизајн е инспириран од грчката и римската архитектура. На сцената на „Музикферајн“ низ историјата настапиле најзначајните светски солисти, диригенти и композитори како Јоханес Брамс, Антон Брукнер, Густав Малер и Рихард Штраус. 

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јовановиќ: Зошто потрошувачката кошничка е поскапена за 3.000 денари откако Мицкоски дојде на власт?

Следно

Камбовски за несреќата на „Партизанска“: Се работи за случај кој ја потресе целата држава

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите
Go toTop