Орбан свика седница на Советот за одбрана поради ескалацијата во Украина

June 8, 2023
1 min read

На состанокот Орбан рече дека иако примирјето и мировните преговори треба да бидат приоритет, борбите во руско-украинската војна се разгореле во текот на ноќта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рано утринава свика состанок на Советот за одбрана на кој ќе се разговара за ескалацијата на конфликтот во Украина, соопшти портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси.

На состанокот Орбан рече дека иако примирјето и мировните преговори треба да бидат приоритет, борбите во руско-украинската војна се разгореле во текот на ноќта.

„Наш приоритет ќе продолжи да биде унгарската безбедност“,

рекол Орбан, цитиран од Хаваси.

На средбата присуствувале министерот за одбрана Кристоф Салај-Бобровнички, министерот за полиција Шантор Пинтер, секретарот на владата Антал Роган и началникот на Генералштабот на унгарската армија Габор Боронди.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Белгија почина бебе заборавено во паркирано возило

Следно

Германија се залага за реформи за државјанство, за да се справи со влошениот недостаток на квалификувана работна сила

Latest from Blog

Нормализиран е сообраќајот на патиштата и клучките што беа затворени заради пожари

Сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка изутрина во 06:00 часот е нормализиран  во двата правца, информира АМСМ.  Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по
Go toTop