Орбан: Брисел ја игнорира Унгарија, санкциите против Русија ја убиваат нашата економија

December 6, 2025
1 min read

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека унгарските аргументи не се земаат предвид при формулирањето на политиката на санкции на Брисел кон Русија, иако самото постоење на земјата зависи од тоа, барем кога станува збор за семејните буџети и успехот на претпријатијата.


Орбан на антиратниот собир во Кечкемет, кој го организираа „Дигитални граѓански кругови“, потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп, кога му кажал за време на средбата во Вашингтон дека забраната за увоз на руски енергенти ќе ја уништи Унгарија, му дозволил на Будимпешта исклучок од американските санкции, пренесува MTI.

Тој рече дека одлуката на Брисел да не ја исклучи Унгарија од енергетските санкции кон Русија била лоша, нагласувајќи дека тоа е чекор кој не го земал предвид влијанието врз Унгарија.


Додаде дека Брисел ги квалификувал санкциите против Русија како одлука од трговска политика, која не бара единствено мислење, поради што унгарското противење не било земено предвид, што според него е лошо.

Орбан истакна дека Унгарија мора да собере сила не само за да остане надвор од војната (во Украина), туку и за она што следува по неа.


„Големите земји не мора да бидат многу паметни, но ние мораме. Големите земји се силни, големи и моќни и можат да ги спроведуваат своите интереси дури и ако им треба повеќе време да нешто сфатат. Но земја од наша големина мора да биде проницлива. Мора да се движите напред и да размислувате еден или два чекори пред сите останати… а потоа можете да ги претркате поголемите земји бидејќи сте конкурентни со нив“, рече Орбан.

Тој додаде дека неговата влада се подготвува за светот по војната, како и за победата на општите избори во Унгарија во 2026 година.

„Можеме да сметаме само на себе, мораме да останеме независни, мораме да останеме суверени. Ова не е само прашање на чест и самопочитување, туку и економско. Кога Унгарија не е свој господар, секогаш економски страда, не ѝ оди добро. Бевме успешни само кога Унгарија беше суверена, независна држава и одеше по својот пат“, заклучи Орбан.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сајкоски: Верувам во силата на единството, во визијата што ја градиме и во промените што ги носиме

Следно

Баерн со „петарда“, Аугзбург го изненади Баер

Latest from Blog

Градоначалникот Дејан Проданоски до доцна во вечерта разговараше за предизвиците на граѓаните и нивни решенија

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, одржа приемен ден со граѓаните во попладневните часови, почитувајќи го нивното работно време и овозможувајќи им директно да ги споделат своите предлози, проблеми и идеи. Средбите со

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на Ферит Хоџа за шеф на дипломатијата и очекува подобрување на положбата на Македонците

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на новиот албански прв дипломат Ферит Хоџа, со очекувања да се заложи за подобрување на правата на Македонците во Албанија. “Дозволете ми, во име на

Владата на Гвинеја распушти 40 политички партии; опозицискиот лидер повика на отпор

Претседателот Мамади Думбуја, поранешен командант на силите за специјални операции, ја презеде власта во 2021 година со воен удар. Во декември тој освои седумгодишен претседателски мандат, резултат кој беше оспорен од опозицијата.

Менкиноски: За црниот печат од Бугарија очекувам соодветна реакција од Парламентот, МНР, Советот на Европа и ОН

Адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, денеска го информирал Парламентот, Владата и Министерството за надворешни работи за да преземат соодветните чекори
Go toTop