Орав: Косово и Србија не можат во ЕУ без нормализација на односите

March 27, 2025
1 min read

Шефот на Канцеларијата на Европска Унија во Косово, Авио Орав денеска изјави дека не може да замисли Косово и Србија да бидат членки на ЕУ без да ги нормализираат односите.

– Не можам да замислам како Србија или Косово можат да влезат во Европската унија без нормализирање на односите. Финансиската помош или нашите пари се само средство да помогнеме во спроведувањето на реформите и да им помогнеме на двете страни да се подготват за членство во ЕУ, изјави Орав.

Орав се осврна и на формирањето на новата влада на Косово.

Слушнав поплаки дека овој процес во Косово трае предолго, но најважно е правилно да се земе предвид волјата на сите гласачи, посочи Орав, додавајќи оти исклучително важно е изборните резултати да ги одразуваат желбите на граѓаните, без оглед на времетраењето на преговорите за формирање на институциите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаневска од „Кој е следен?“ во Аргумент плус: Не сме поврзани со политички партии, нашите барања се насочени кон системски промени

Следно

СДСМ: Папаја за Владата – трошки за народот, срамна одлука за „зголемување на “ минималната плата од 1.800 денари

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.
Go toTop