Општина Илинден го објави Годишниот извештај за работењето во 2022 година

February 6, 2023
1 min read

Општина Илинден изготви Годишен извештај за работењето во 2022 година во кој се објавени поголем дел од проектите на кои се работеше во текот на изминатата година, а се од областа на комуналната и патната инфраструктура, животната средина, образованието, културата, спортот и уште многу други, информираат од локалната самоуправа.

Како што посочуваат, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски во воведното обраќање кон граѓаните посочи дека изминатата 2022 година се реализираа голем број на проекти кои придонесоа за подобрување на животот на граѓаните во општината.

-Во рамки на своите финансиски можности, како и пандемиската и енергетско-економската криза која се случи во светот, а ја опфати и нашата општина сметаме дека 2022 година е успешна и треба да бидеме горди на сработеното во неа, велат од општина Илинден.

Годишниот извештај за работењето за 2022 година може да се најде на линкот. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Карпош ќе ги награди училиштата кои имаат најдобро уреден еко-двор

Следно

Бројот на загинати во земјoтресот во Туркије се зголеми на 1498

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop