Општина Илиден го усвои новиот буџет за 2024 година

December 23, 2023
1 min read

Околу 7.6 милиони евра или 465 милиони денари ќе биде новиот буџет на Општина Илиден за 2024 година. Посебен акцент во основниот буџет за 2024 година во износ од 184.276.000,00 денари е ставен на капиталните расходи кои завземаат 40 % од планираните средства во вкупниот буџет, додека капиталните расходи во основниот буџет изнесуваат 64,5 %.

Голем дел од овој буџет се планира за изградба и реконструкција на локални улици и патишта, односно се планира за подобрување на патната инфраструктура (изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалната патна инфраструктура), подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и во локалните економски зони и одржување на постојната патна инфраструктура. За капитални расходи во образование и детска градинка наменети се средства за реконструкција на постојните училишта, доградба на детската градинка и изградба на нов спортски терен кај средното училиште во општината, во делот на здраството и здраствената заштита предвидена е изградба на здраствен дом.

Исто така планирана е изградба на на фекална канализација и пречистителни станици, чистење на одводни канали и речни корита, одржување хигиена на јавни површини, одржување, уредување и проширување на јавните зелени површини и пошумување.

За поттикнување на заштитата на животната средина планирани се субвенции за велосипеди, инвертер клими и соларни панели. Продолжува програмата за финансиска помош за секое новороденче, субвенции за мотивација на индивидуални спортисти и културни работници, изградба на детски забавни паркови и трим патеки, изградба на мултифункционално игралиште со атлетска патека, реконструкција и санација на спортските терени, како и финансиска поддршка за млади претприемачи.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови три случаи на каснување од куче скитник во Скопје

Следно

Новинар повреден во израелски напад во јужен Либан

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop