Општина Гази Баба доделува субвенции за набавка на електрични тротинети

March 22, 2023
1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека во тек е јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на електрични тротинети.

– Објавен е јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување на електрични тротинети во 2023 година. Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на електричен тротинет, на граѓаните кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија во период од денот на објавување на јавниот повик до 30 ноември 2023 година односно до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Гази Баба, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на електричен тротинетот.

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба, кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија во период од денот на објавување на јавниот повик до 30 ноември 2023 година односно до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Гази Баба, и кои немаат искористено субвенција за купување на електричен тротинет. Ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат, информира Стефковски.

Линк до јавниот повик: http://gazibaba.gov.mk/mk/javni-povici/javni-povici/ekoloshki-konkurs-denovi-na-proletta-denovi-na-ekologi-a

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скопје ќе добие Национална Установа „Оркестар за џез музика“

Следно

Русија започна нов жесток бран напади со беспилотни летала во Украина, има мртви

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop