Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

September 24, 2026
1 min read

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола.

Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се натпреваруваат, да се дружат и преку спортот да ја промовираат физичката активност и здравиот начин на живот.

„Есенскиот крос“ се реализира во рамки на Европската недела на спортот 2026, иницијатива на Европската комисија насочена кон поттикнување на физичката активност, рекреацијата и здравите животни навики кај граѓаните од сите возрасти.

Од Општина Битола посочуваат дека големиот број учесници придонел настанот да има силна локална димензија, со порака за важноста на редовната физичка активност уште од најмала возраст.

Преку ваквите спортски активности, младите се поттикнуваат активно да се вклучуваат во спортот и рекреацијата, а истовремено да градат позитивни навики и здрав животен стил.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(Видео) Познат актер очекува дете СО ДЕВОЈКА ПОМЛАДА ОД НЕГО 27 ГОДИНИ: „СÈ УШТЕ МЕ БИДУВА“

Следно

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop