Општина Аеродром испраќа помош за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

February 9, 2023
1 min read

Советот на Општина Аеродром на вонредна седница која се одржа синоќа донесе одлука за донирање парични средства за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија. Освен парична помош општината Аеродром ги става на располагање сите свои расположливи капацитети, а во насока на побрзо надминување на состојбата во која се наоѓаат погодените градови од земјотресот. 

– Денешната седница беше свикана на иницијатива на градоначалникот Муцунски. Хуманоста во вакви моменти е важна. Турција е наша пријателска земја и токму поради ова од буџетот на општина Аеродром одвоивме парични средства со кои пружаме рака за помош и помагаме на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, истакна претседателот Митески по завршување на седницата. 

Општина Аеродром уште еднаш упатува искрено сочувство до семејствата на загинатите во земјотресот, а на повредените им посакува побрзо закрепнување.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Грција одлучи да продолжи со процесот на купување израелски ракети „Спајк НЛОС“

Следно

УЖАС: Бројот на жртви во земјотресот во Турција и Сирија достигна 17.176

Latest from Blog

Пет активни пожари низ Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 14:00 часот на 2 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои четири се сè

Турција и ЕУ разговараа за визите, миграцијата и поддршката за Сирија

Во Истанбул денеска се одржа третата средба од Дијалогот на високо ниво меѓу Турција и Европската Унија за безбедносни и миграциски прашања. Средбата ја водеа турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја

Кривична пријава за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ по чл.354,
Go toTop