Општа тепачка на мечот меѓу КК Чаир 2030 и КК ТФТ – вмешани и навивачи

September 19, 2024
1 min read

Пријателскиот натпревар во СРЦ „Кале“ меѓу ТФТ Скопје и Чаир 2030 не го дочека својот крај, откако дојде до скандал и прекин поради физичка пресметка.

По една ситуација тренерите на двата тима Боро Смилковски и Ерхан Рамадан влегоа во дискусија. Тоа ги зовре страстите на трибината, дел од навивачите на Чаир почнаа да му довикуваат на противничкиот тренер и му се закануваа.

Тогаш во ситуацијата се вмеша најискусниот во таборот на ТФТ, Едис Нури, по што дојде и до физичка пресметка.

Мешаницата на трибините ескалира и се разменија удари, а потоа ситуацијата се смири. Натпреварот беше прекинат и не се доигра до крај, иако имаше останато уште околу две минути.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Путин: Руската армија во 2023 година доби околу 140.000 дронови

Следно

Полски авион принудно слетал поради поставена бомба на аеродромот во Подгорица

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop