Опозицијата во Франција бара Израел да биде исклучен од Евровизија

1 min read

АНКАРА (АА) – Француската опозициска крајно левичарска партија Непокорена Франција (LFI) побара на Израел, кој продолжува со нападите врз Газа, да му се забрани учеството на изборот за песна на Евровизија 2024, јавува Анадолу.

Заменик-претседателката на парламентарната група на партијата, Матилде Панот, во објава на нејзиниот профил на социјалните мрежи Х, побара исклучување на Израел од изборот за песна на Евровизија 2024 додека не се прогласи прекин на огнот во Газа.

Додека од целиот свет се крева гласот за прекин на огнот, Панот реагираше на молкот на Евровизија и порача: „Нема да дозволиме уништување на Палестина.“

Панот наведе дека како европски претставници, уметниците и граѓаните сакаат Израел да биде исклучен од Евровизија „во име на мирот и љубовта кон културата“.

Додека продолжуваат протестите на водечките француски универзитети во знак на поддршка на Палестина за прекин на огнот во Газа, се упатуваат повици да му се забрани на Израел учеството на меѓународните натпревари, вклучително и Олимписките игри во Париз 2024, на кои земјата ќе биде домаќин ова лето.

Додека постои меѓународен бојкот на Русија, која ѝ објави војна на Украина, европските граѓани го критикуваат недостатокот на сличен став кон Израел, кој продолжува со своите напади врз Газа.

Продолжуваат реакциите околу дозволата на Израел за учество на Евровизија.

Евровизија 2024 ќе се одржи на 11 мај, во организација на ЕБУ и шведската државна телевизија СВТ. Натпреварувањето ќе се одржи во Малме, Шведска, по трет пат по 1992 и 2013 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Гордана Сиљановска Давкова ќе стане првата жена претседател

Следно

Мицкоски: Брзо формирање влада по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Кој е Ебрахим Реиси?

Тврдокорниот ирански претседател Ебрахим Раиси долго време се сметаше за штитеник на иранскиот врховен лидер ајатолахот