Опозицијата бара лидерска средба и избори – Ахмети: Изборите не нудат решенија

October 10, 2023
1 min read

реклама

Иако Власта одби, опозицијата не се откажува од барањето за лидерска средба. Исто како премиерот, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, не ја поддржува оваа идеја и смета дека тоа не е решение. Ахмети вели дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин на пролет следната година.

„Изборите не нудат решение, затоа изборите ќе се одржат во редовниот термин, напролет следната година, а дополнително, доколку на ВМРО и пречи ДУИ во управувањето со државата, автоматски сме покажале силна волја и стоиме на таа одлука, се повлекуваме од извршната власт, во моментот кога тие ќе гласаат за уставните измени“, рече Ахмети.

реклама

И покрај јасните сигнали од партиите од власта дека нема потреба, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски повика денеска да се одржи средба кај претседателот на Собранието, Џафери, за да се договараат за избори.

Исто така и албанската опозициска партија, Движење Беса, бара лидерска средба и парламентарните и претседателските избори да се одржат заедно. Претседателот на Беса изјави дека обединетата албанска опозиција ќе победни на овие избори.

реклама

„Обединетата албанска опозиција е подготвена, на следните предвремени или редовни избори да излезе како победничка на тие избори. Ја покануваме Владата што побрзо да закаже лидерска средба и да се распишат предвремени избори. Сметаме дека треба да се одржат заедно изборите имајќи предвид дека станува збор за трошоци кои доколку се одржат како што е предвидено со закон за редовни избори, а во прашање е временска дистанца од 3 месеци, проценуваме дека тоа е непотребен трошок и бараме изборите да се одржат во ист термин, и претседателските и парламентарните избори.“, вели Касами.

Доколку двата изборни циклуси се одржуваат според редовниот термин, тогаш на 12 мај треба да имаме нов претседател на државата, а на 15 јули нов парламентарен состав.

реклама

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата направи корекција: Лутеницата, цвеклото, фефероните, бебешките каши, чаевите остануваат да се даночат со 5 отсто ДДВ

Следно

Спасовски: МВР уште во 2012-та поднесе кривична против тогашниот директор на Онкологија, Обвинителството до денес нема ништо преземено

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop