Владата направи корекција: Лутеницата, цвеклото, фефероните, бебешките каши, чаевите остануваат да се даночат со 5 отсто ДДВ

October 10, 2023
1 min read

Измените ќе почнат да се применуваат од 13 октомври (петок)

Владата на денешната седница донесе измена на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност, која беше усвоена на 28 септември, информираат одд Миинистерството за финансии (МФ).

Според измената, основните прехранбени производи како и урдата, кашкавалот, лутеницата, цвеклото, фефероните, вафлите, наполитанките и црвениот пипер остануваат со повластена стапка од пет проценти, соопшти Министерството.

Со повластена стапка од пет проценти остануваат и замрзнатото тесто, бебешките каши, адаптираното млеко за доенчиња, додатоците за исхрана за опаднат имунитет и хербалните чаеви.

Измените ќе почнат да се применуваат од 13 октомври (петок).

„Министерството за финансии и Владата во креирањето на политиките и нивната примена се во постојана комуникација со бизнис заедницата и отворени се за сугестии и предлози. Процесот на утврдување на оваа одлука, исто така, се водеше низ транспарентен и инклузивен процес и беше споделена листата со производи кои ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ пред девет месеци, уште во јануари со бизнис заедницата, преку стопанските комори за тие да можат да достават свои предлози. Одлуката се донесе на седница на Владата на 28 септември и стапи во сила на 2 октомври кога започна со примена, но поради утврдените недоследности во примената кај дел од производите се укажа потреба од измена на Одлуката која беше направена во најкус можен рок“,

се наведува во соопштението на Министерството за финансии.

Оттаму посочуваат дека земјава има најниски даночни стапки на ДДВ (редовни и повластени) и целата човечка исхрана се оданочува со повластена стапка на ДДВ.

Најголем дел од неа се оданочуваат со најниска повластена стапка од пет проценти, односно примената на најниската повлатена стапка на ДДВ во земјава се однесува на повеќе од 1 650 прехранбени производи, а дополнително повластена стапка имаат и други околу 950 прехранбени производи“,

се додава во соопштението на МФ.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата ја одржи 190-та седница, ова се одлуките

Следно

Опозицијата бара лидерска средба и избори – Ахмети: Изборите не нудат решенија

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop