ОН: Војната во Газа ги уништува животите, соништата и иднината на луѓето

August 14, 2024
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Директорката за хуманитарна помош при Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) Лиза Доутен потсети дека Израел неодамна изврши напад врз училишта во Газа, кои се користат и како засолништа, јавува Анадолу.

Во својот говор пред Советот за безбедност на ОН за најновите случувања во Газа, Доутен посебно се осврна на деталите за училиштата кои беа цел на израелската Армија.

„За жал, ова не беше изолиран инцидент“, рече Доутен, мислејќи на нападот врз училиштето Ет-Табиин во градот Газа.

„Првичните извештаи покажуваат дека ова е еден од најсмртоносните напади врз училиште во кое се сместени раселени лица од почетокот на конфликтот“, рече таа.

Посочи дека војната во Газа ги уништува животите, соништата и иднината на луѓето во таа област.

Бројот на убиени Палестинци во нападите на израелската Армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година достигна 39.929, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Израел продолжи со бруталната воена офанзива на Појасот Газа од 7 октомври по нападот на Хамас и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

По повеќе од десет месеци израелски напади, големи делови од Појасот Газа лежат во урнатини во услови на блокада во испораката на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој му нареди веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Архитектот на Путин“ заглавен во правни проблеми

Следно

Дивите депонии горат, смрдат, загадуваат – модерни центри за отпад нема

Latest from Blog

Земјотрес го погоди Санторини

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во 02:25 часот наутро во близина на грчкиот остров Санторини. Според податоците од Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина, епицентарот

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со тешкотии при усвојувањето на законот на Трамп

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот намалувања на даноците и буџетот од претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до утре, 4

Одбиено обвинението против кумановскиот градоначалник, обвинителството се откажа од обвинението

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд. -Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста

Руско беспилотно летало оштети станбена зграда во украинскиот град Одеса, пет лица се повредени

ОДЕСА (АА) – Најмалку пет лица, меѓу кои две деца, се повредени откако руско беспилотно летало погоди станбена зграда во Одеса рано утринава, соопштија локалните власти, јавува Анадолу. Олех Кипер, началник на
Go toTop