Омерагиќ за дуелот Кожуф-Башкими: Нема да казниме никого врз основа на шпекулации

May 27, 2025
1 min read

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, на брифинг со новинарите говореше на акуелните теми поврзани со македонскиот клупски и репрезентативен фудбал.

За дуелот Кожуф – Башкими, изјави дека Фудбалската федерација на Македонија постапува исклучиво согласно правилниците и процедурите.

-Не си дозволуваме да преземаме дејствија врз основа на претпоставки. Нема да казниме никого врз основа на шпекулации. Се водиме само од факти и изјави. Натпревар може да се мести на два начина: или кога екипа плаќа за да победи, или кога намерно губи, од интерес или лукративни причини. Но, досега во постапката ниту еден од сведоците, вклучително и играчите на Кожуф, не го спомена Башкими. Нема да штитиме никого, но нема ниту да обвинуваме без цврсти докази, изјави Омергаиќ.

За причината за кратењето на лигата, вели дека не е поврзана со откажувањата на Гостивар и Воска, туку со желбата да се добие поквалитетно и порамноправно натпреварување.

-Се размислува и за четвртокружен систем, но сè уште работиме на тој предлог. Во Втората лига размислуваме за нов модел: првопласираниот директно да оди во Првата лига, а уште две екипи да играат бараж. Интересен би бил моделот каде од второ до осмо место екипите би играле плеј-оф за тие две бараж позиции, истакна првиот човек на ФФМ.

Натпреварите од Првата македонска лига, додаде, ќе се играат во три или четири дена – петок, сабота и недела, можеби и понеделник.

-Секој натпревар ќе биде покриен со директен ТВ пренос. Моментално имаме три стадиони со рефлектори, а четвртиот ќе биде стадионот во Тетово. Промовирана е и новата соработка со ПУМА како нов технички спонзор за фудбалски топки. Дополнително, ВАР системот ќе биде применуван, што дава реална надеж дека следната сезона ќе биде на значително повисоко ниво, порача Омерагиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЈП со важна информација за граѓаните

Следно

Арсовска пред крај на мандатот со вонреден инспекциски надзор во Чаир

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop