Арсовска пред крај на мандатот со вонреден инспекциски надзор во Чаир

May 27, 2025
1 min read

Градоначалничката Данела Арсовска по втор пат месецов пред крај на мандатот излезе на терен и со вклучување во живо на нејзината фејсбук страна објави зграда во Општина Чаир за која рече дека градоначалникот Висар Ганиу ја легализирал со фалсификувани документи.

Арсовска рече дека Ганиу на криминален начин низ Чаир легализирал згради и ги впишувал во Катастар. 

– Си извршил легализации спротивно од закон, да објасниш како си ги впишал во Катастар, а од Град Скопје сите твои барања се одбиени. Ти си поднесувал фалсификувани одобренија од Град Скопје до Катастар, криминалецу, што цело време ми се закануваш. Ниту една ваква дивоградба нема во ниту една скопска општина, само Чаир вака си легализира со фалсификувани документи. Ти се лопов и криминалчуга. Дојди на главна каса, те чакам. Викаш оваа зграда се изградила во 2011 во фалсификуваните документи, а таа уште се гради.“ – Данела Аросвка градоначалник.

Арсовска истакна дека зградата на 10 ката без никакво одобрение е изградена на државно земјиште. Објави дека досега Ганиу има легализирано две згради со фалсификати и во моментов, од овие станбени згради се краде струја и нелегално се приклучени на водоводна мрежа. Таа го повика градоначалникот на Ганиу да биде маж и да дојде на локацијата, а не да се заканува и истакна дека таа не брака градоначалнички мадндат, но сака да ја памети народот дека му спречила 150 дивоградби.

– 150 дивоградби сум ти спречила, а ти не ми заканувај, ако си маж, дојди“, рече Арсовска. 

Раководителката на сектор планирано уредување пак предупреди дека местото воопшто не е безбедно дека е градено без план и зградата е цела со ститопор и дека доколку се случи пожар нема каде ниту противпожарно возило од каде да влезе.

На 21 мај, Арсовска со екипи од Градот повторно шетапе низ Општина Чаир и ловеше дивоградби и и го викаше градоначалникот Ганиу да дојде за да објасни како дозволува секаде да се гради на диво.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Омерагиќ за дуелот Кожуф-Башкими: Нема да казниме никого врз основа на шпекулации

Следно

САД размислува за нови чекори во справувањето со кризата во Украина

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop