УЈП со важна информација за граѓаните

May 27, 2025
1 min read

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност дека генерираше нов јавен клуч со важност од 27 мај 2025 година кој треба да се користи за криптирање на МПИН пресметките изготвени преку Клиентскиот софтвер.

Даночните обврзници кои имаат активен код за идентификација треба задолжително да го преземат новиот јавен клуч на Управата за јавни приходи (фајл PIOMJaven.cer), од веб – страницата на УЈП (види линк http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/257). 

Напомeнуваме дека новиот јавен клуч треба да се ископира на работната машина на која е инсталиран Клиентскиот софтверза подготовка на МПИН пресметки, на патека C:MPPPPrijavikod. 

Новите даночни обврзници на кои по прв пат им се генерира код за идентификација треба истиот да го инсталираат заедно со новиот клуч на УЈП, кои ќе ги добијат на USB (доколку барањето за код го имаат доставено во хартиена форма до шалтерите на УЈП), односно ќе ги преземат преку системот е-Даночни услуги (доколку барањето за нов код за идентификација го доставиле во електронска форма). Истово важи и за постоечките даночни обврзници кои го менуваат кодот за идентификација. 

Сите даночни обврзници кои сѐ уште немаат поднесено МПИН пресметка за мај 2025, како и оние кои во текот на вчерашниот ден добија порака дека МПИН пресметката нема да им биде обработена, по преземањето на новиот јавен клуч, да изготват МПИН пресметка и да ја поднесат до Управата за јавни приходи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ останува највредниот бренд во земјата

Следно

Омерагиќ за дуелот Кожуф-Башкими: Нема да казниме никого врз основа на шпекулации

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop