ОЈО Скопје со детали за несреќата на „Партизанска“: Возел под дејство на алкохол, немал возачка дозвола и поминал на црвено

January 31, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага и предложи мерка притвор за 20-годишникот кој вчера вечер со автомобил усмрти 22-годишна девојка на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Изнесувајќи детали за несреќата, од обвинителството информираат дека момчето управувало со автомобил „пежо 207“, сопственост на неговиот татко. Возел без возачка дозвола, бил под дејство на алкохол и на обележаното место за пешачки премин поминал иако на семафорот светело црвено, соопштија од ОЈО Скопје. Не наведувајќи го конкретниот временскиот период во кој се водела постапка против него, од ОЈО информираат дека против 20-годишникот обвинителството поднело предлог за определување притвор за две кривични дела – неовластено производство и пуштање во промет наркотични средства.

Во текот на постапката момчето било во притвор, а скопското обвинителство поднело обвинение со предлог за продолжување на притворот. Судот, пак, ја укинал притворската мерка за обезбедување и одлучил момчето да биде испратено во воспитно-поправниот дом во Тетово.

Незадоволен од пресудата на скопскиот кривичен суд, имајќи го предвид претходно поведениние на сторителот, јавниот обвинител ја обжалил одлуката на судот и предметот во моментов е во жалбена постапка.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чибишев за ужасот на Онкологија и извештаите кои НЕ го оправдуваат Филипче: Граѓаните се чувствуваат јадосани

Следно

Алваро Мората со трансфер во Галатасарај

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop