ОЈО поведе постапка против 28 годишен скопјанец по напад врз неговата 4-годишна ќерка

June 22, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 28-годишен скопјанец кој беше приведен од полицијата по напад на неговата четиригодишна ќерка.

Според обвинителството, инцидентот се случил во семејниот дом во населбата Драчево. Додека мајката на девојчето приготвувала јадење, таа си играла со своите две сестри. Во моментот кога се качила на креветот во дневната соба за да ги земе играчките, осомничениот започнал да ја навредува и физички нападнал.

Според наодите, тој ѝ удрил неколку шлаканици по лицето, нанесувајќи ѝ набиеница на главата и огреботини на кожата од лицето а и се заканувал дека ќе ја убие.

Поради реална опасност осомничениот да го повтори насилството, со што би имало сериозни последици врз психофизичкиот развој и воспитувањето на децата во семејството. Дополнително, сведочењата упатуваат на тоа дека насилството не било изолиран инцидент – осомничениот подолго време покажувал агресивно однесување, обвинителството предложило мерка притвор. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час

Следно

Шумски пожари на грчките острови Хиос и Евија, евакуирани населени места и хотел

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop