„Охридско лето“: Соло-концерт на црногорскиот виолинист Роман Симовиќ, кој свири на виолина изработена од Антонио Страдивари во 1709 година

July 31, 2023
2 mins read

Дваесеттиот фестивалски ден на „Охридско лето“ го носи соло-концертот на црногорскиот виолинист Роман Симовиќ.

Брилијантната виртуозност, природниот талент и бескрајната имагинација се особините кои на виолинистот Роман Симовиќ му овозможуваат кариера која го носи низ целиот свет, на некои од најзначајните концертни подиуми како „Карнеги хол“, големата сала на Конзерваториумот „Чајковски“, салата „Марински“ во Санкт Петерсбург, Операта во Тел Авив, салата „Викторија“ во Женева, „Рудолфинум“ во Прага, „Барбикан“ во Лондон, Центарот за уметност во Сеул, салата „Григ“ во Берген, „Рахмањинов“ во Москва и многу  други.

Симовиќ е добитник на повеќе престижни награди за виолинисти „Родолфо Липицер“ во Италија каде добива прва награда и 12 награди од публиката, награда на натпреварот во Сион во Швајцарија, натпреварот „Јамполски“ во Русија и награда на натпреварот „Хенрик Виењавски“ во Полска со што тој станува еден од најзначајните виолинист на неговата генерација.

Како солист, Роман настапува со некои од водечките оркестри во светот: Лондонскиот симфониски оркестар, оркестарот на театарот „Марински“, Оркестарот на „Театро Реџио“ во Торино, симфонискиот оркестар во Халифакс (Канада), оркестарот „Франц Лист“ во Унгарија, „Камерата Берн“ во Швајцарија, Камерата Салцбург (Австрија), како и оркестри во Турција, Полска, Холандија.

Роман Симовиќ настапува на многу реномирани фестивали како што се „Вербие“, „Бели Ноќи“ (Санкт Петербург), „Транс-сибирскиот фестивал“ на Вадим Репин, „Велигденскиот фестивал“, Летниот фестивал во Дубровник, „Котор Арт“ во Црна Гора, БЕМУС и НОМУС во Србија, „Сион-Вале“ во Швајцарија, фестивалот во Берген, „Московски ноќи“, фестивалите во Италија и Шпанија на кои соработува со врвни музички ѕвезди на денешницата како Леонидас Кавакос, Јуџа Ванг, Готје Капусон, Миша Мајски, Шломо Минц, Франсоа Лелу, Итамар Голан, Симон Трпчески, Џанин Јенсен, Јулијан Рахлин, Вадим Репин, Евгениј Кисин, Антоан Таместит, Антонио Менезес, Николај Лугански…

Роман е визитинг професор на Кралската академија во Лондон и има огромно искуство како педагог. Често е раководител на мајсторски курсеви во САД, Велика Британија, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија, Италија, Шведска, Швајцарија, Србија, Црна Гора, Израел како и на Фестивалот во Вербие, таму често настапува како солист со оркестар, камерен музичар или со рецитал.

Има издадено бројни це-деа, но се издвојуваат четири на кои тој е уметнички раководител на гудачите на Лондонскиот симфониски оркестар снимени за ЛСО-лајв, како и неговото це-де со виолинските каприси од Паганини за соло виолина. Во јуни 2022 година, Роман Симовиќ го сними за ЛСО лајв Концертот за виолина и оркестар од Миклош Рожа под диригентско водство на Сајмон Ратл.

Роман е концерт-мајстор на Лондонскиот симфониски оркестар од 2010 година. Свири на виолина изработена од Антонио Страдивари во 1709 година која му е позајмена од филантропот и колекционер на инструменти Џонатан Моулдс.

На програмата на вечерашниот концерт што од 21 часот ќе се одржува во црквата „Света Софија“ се шесте атрактивни и мошне предизвикувачки сонати за соло виолина оп. 27 на Е. Есаи.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мбапе утре ако се разбуди како фудбалер на ПСЖ ќе биде побогат за 40 милиони евра

Следно

Францускиот министер за финансии: Прекинувањето на сите економски врски со Кина е илузија

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера
Go toTop