Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

September 14, 2024
1 min read

Водите на Охридско Езеро, од албанска страна, кај селото Лин, општина Подградец, денеска беа збогатени со околу два милиони парчиња подмладок охридска пастрмка-коран, објави АБЦ њуз.

-За прв пат по три децении вакво рекордно количество се фрла во езерото што го делат Албанија и Северна Македонија, по истражувањето направено пред неколку години, со кое овој редок вид риба беше класифициран како вид во опасност од исчезнување, изјави Олси Чекичи, специјалист од мрестилиштето во Лин.

Според него, иако порибувањето со оваа уникатна риба е обврска за двете држави, од македонска страна, во последните неколку години, не е реализирана ваква активност.

Од албанска страна, пак, во последните четири години езерото е порибено со над 5 милиони парчиња подмладок.

Телевизијата наведува дека овој вид риба со години повеќе не е на листата на загрозени видови, а според специјалистите состојбата е променета, благодарение на свеста на рибарите.

Мерките за забрана на ловот дадоа резултат, рибарите станаа посвесни да го заштитат коранот, кој е многу баран од хотелите и рестораните, како последица на зголемениот број туристи, особено во последните две години.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Верстапен: Направивме некои промени и однесувањето на мојот болид стана непредвидливо

Следно

Некој ќе оди „курбан“ од Кабинетот на претседателката за скандалот во Бугарија

Latest from Blog

Атлетико десеткуван на дуелот со Ливерпул

Денеска стартува новата сезона во Лигата на Шампионите. Дел од мечевите се играат вечерва, дел утре, а има многу мечеви кои што можат да се окарактеризираат како дерби. Еден од нив е

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Шведска, Oла Солстром

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска, Oла Солстром. За претседателката, двете држави ги поврзува традиционално и искрено пријателство, а од воспоставувањето на дипломатските односи

Коњановски: Со мешани патроли до побезбедна младина

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, синоќа беше дел од мешаната патрола составена од претставници на СВР Битола, Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво, ЈУ МЦСР Битола и родители на малолетници. Патролата
Go toTop