Некој ќе оди „курбан“ од Кабинетот на претседателката за скандалот во Бугарија

September 14, 2024
1 min read

Сосема очекувано е дека некој од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановка Давкова ќе оди „курбан“ заради скандалот со неистакнување на државното знаме на Северна Македонија за време на посетата на Софија и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев.

Секако тоа нема да биде веднаш, но секако после одредено време ќе бидеме сведоци на еден ваков исход бидејќи ваков мега пропуст не може да остане без идентификација на виновникот и на одговорноста која што мора да биде спроведена. Ако не биде така, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ризикува овој скандал да и биде припишан само нејзе.

Се разбира, одговорноста зошто го нема знамето на нашата држава на средбата е на бугарската страна, но, секако, прашање на реакција е на нашата страна, односно на Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

Прашање е и каде биле и што гледале лицата задолжени за протокол и односи со јавноста во Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

Оттаму, како што напишавме погоре, Сосема очекувано е дека некој од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановка Давкова ќе оди „курбан“ заради скандалот со неистакнување на државното знаме на Северна Македонија за време на посетата на Софија и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев.

Еве ги членовите на Кабинетот на претседателката.

Жидас Даскаловски, професор по управување со човечки и социјални ресурси и по геополитика на Факултетот за безбедност, е надворешен соработник за меѓународна политика. Тој е жесток критичар на Договорот од Преспа, а беше гласен и при неговото потпишување кога беше и говорник на протестите против него. На јавната сцена е присутен повеќе од петнаесет години, во почетокот како еден од челните лица на невладината организација Центар за истражување и креирање политики.

За надворешен советник за прашања поврзани со европските интеграции, претседателката го одбра Златко Јанковски, поранешен портпарол на Секретаријатот за европски прашања во владата на Никола Груевски. Тој беше еден од основачите и овластено лице на институтот „Павел Шатев“, активен во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ до 2017 година, особено во спроведувањето испитувања на јавното мислење, кои голема предност ѝ даваа на тогаш владејачката партија. Во работната кариера, Јанковски беше ангажиран и во кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Генерален секретар е Ѓорги Божинов правник со над 26 години работно искуство. За разлика од него, името на заменикот генерален секретар Горан Момироски е попознато во јавноста. Тој е долгодишен новинар кој последните години ги помина во телевизијата Алфа како коавтор на емисијата „Заспиј ако можеш“.

Досега не е објавено кој/а е задолжем за протоколот на претседателката, но вообичаено, кога нема посебна личност во самиот кабинет, за ова е задолжен некој од секторот за протокол на Министерството за надворешни работи.

Но, од МНР досега за овој скандал нема ниту збор, како што го нема ни министерот Тимчо Муцунски кој избра да биде далеку од овој политички дебакл ма македонската дипломатија.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Следно

Де Лихт прогласен за Играч на мечот: Три бода по три натпревари дефинитивно не се доволни

Latest from Blog

Не пропуштај гол: Wolt го носи match-day моментот дома

Ова фудбалско лето за нас има и посебна регионална емоција, затоа што дел од фудбалските фанови со интерес ги следат натпреварите на Босна и Херцеговина и Хрватска. Има нешто препознатливо во таа

(Видео) РЕКИ ОД ЛАВА НА ПАДИНИТЕ НА СИЦИЛИЈА – Еруптираше Етна, најголемиот вулкан во Европа

Најактивниот вулкан во Европа, Етна на Сицилија, повторно еруптираше, создавајќи спектакуларна глетка од реки од уштена лава кои течат низ неговите падини. Според извештаите на Би-Би-Си и италијанскиот Национален институт за геофизика

Комуналец Прилеп: Во тек косење на повеќе локации долж Оревоечка река

Од Одделението „Паркови и зеленило“ при ЈКП „Комуналец“ Прилеп две екипи интензивно работат на косење на проблематични делови од Оревоечка река. Активностите се одвиваат на потегот од мостот „Димо Наредникот“ кон мостот

Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик

СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Катастрофалниот резултат кој ќе го имаат
Go toTop