Охрид, привлечен за 8 Март, во градот многу гостинки од Балканот

March 8, 2024
1 min read

Илјадници жени од Македонија, Србија, Албанија, Хрватска, Црна Гора го искористија денешниот празник за да го посетат Охрид. Од хотелите велат дека викендов некои од нив се пополнети со дури 80% од капацитетите, а многу резервации има и низ рестораните. Денот беше посебен за околу 50-тина дами од Хрватска кои организирано на подарок добија охридски бисери. Беа изненадени од гостопримството на домаќините. Некои од нив првпат беа во Охрид, а други ни рекоа дека доаѓаат и по неколку пати. За празникот дошле на продолжен викенд, а главна препорака биле добрите туристички рецензии и препораките од пријатели кои веќе биле.

„Многу сум изненадена. Не сум прв пат во Македонија. Четврти пат сум веќе. Овој привезок ќе го носам. Кога ќе се вратам и ќе се пофалам дека го добив како роденденски подарок“, вели Љубица Милошин- туристка од Хрватска.

„Секоја група од Хрватска има многу добри рецензии за Охрид. Но, усната препорака е најдобра препорака луѓето да дојдат повторно. Оваа љубезност, ова сонце, овој друг менталитет на луѓето, тоа е нешто што нè привлекува овде“, рече Светлана Модричиќ-туристички водич од Хрватска.

Мики Трајковски

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градинките ги затвораат вратите за невакцинираните со „ди-те-пер“

Следно

Бајден: Никогаш нашата слобода и демократија не биле во таква опасност во нашата земја како што се денес

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop