Охрид преполн за празниците

December 26, 2024
1 min read

Охрид е целосно резервиран за прославата на Нова година. Во приватното сместување веќе се бара место повеќе, одлична исполнетост имаат и хотелите на ривиерата. Цената за ноќевања се движи од 60 до 100 евра од ноќ зависно од локацијата на објектот.

Прославата во ресторан чини од 50 до 80 евра, угостителите нудат најчесто празнично мени со жива музика. Хотелите пак нудат празнични пакети кои вклучуваат дочек со жива музика, со две или три ноќевања и полн пансион. Цените се движат од 200 до 400 евра по лице.

Иако дел од граѓаните веќе коментираат дека Охрид е прескап и оваа празнична сезона, хотелските менаџери сметаат дека како дестинација во регионов е најефтин и затоа се исполнети капацитетите. Од фелата пак велат нема високи цени,туку што добивате за тоа што го плаќате.

Најчести гости и оваа година ќе бидат соседите.Според хотелиерите понудата оваа година  е одлична а за тоа говори зголемениот интерес од страна на туристите. Освен во локалите долж ривиерата, градот организира прослава на градскиот плоштад. Новата година туристите и охриѓани ќе ја дочекаат со поп дивата Каролина Гочева македонската фолк звезда Наум Петрески, миленикот на младата публика охриѓанецот Пајак како и многу други музичари и артисти.

Градот е  украсен и осветлен со реквизити од минатите години, а дополнително беа одвоени околу 23.000 евра за набавка на нови со што се надополни новогодишниот празничен изглед. По теркот на европските метрополи годинава на двата охридски плоштади има и новогодишни базари за посетителите.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател Ердоган ги прими акредитивните писма од новите амбасадори во Туркије

Следно

Пренџов: Иако Владата наследи рекордни 12 милијарди долгови и блокирани сметки, сепак БДП повеќе не е 1%, бележи раст од 3%

Latest from Blog

Стејт департментот нуди награда од три милиони долари за информации за напади врз американските објекти во Ирак

Објавата уследи откако Амбасадата на САД во Багдад, Генералниот конзулат во Ербил и Центарот за дипломатска поддршка во Багдад постојано се цел на напади од почетокот на војната меѓу САД и Израел

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат македонските аеродроми, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на актуелниот модел на

Ќе ги отстрани ли некој питачите на семафори: Загрозуваат безбедност, а казните се 15 евра

Конкуренцијата на питачи на раскрсниците низ Скопје се зголеми во последните месец дена и со тоа се зголеми и ризикот по сите учесници во сообраќајот. До неодамна само на две-три раскрсници имаше
Go toTop