Охрид домаќин на 7. Балканска олимпијада по физика

June 28, 2025
1 min read

Од денеска до 30 јуни во Охрид се одржува 7.Балканска олимпијада по физика за средношколци. На Олимпијадата учествуваат над 60 ученици од 14 земји од Европа и три земји од Азија, со нивните професори-лидери.

 На отворањето на 7.Балканска олимпијада по физика за средношколци се обратила министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа нагласила дека тоа што овие млади олимпијци се денеска во Охрид е резултат на нивната љубопитност и љубов кон науката, резултат на многу труд, колку нивен толку и на нивните професори и ментори.

-Тоа е формулата за градење научен подмладок што веќе утре ќе биде подготвен за откритија што ќе му помогнат на човештвото. Продолжете со посветеноста кон физиката затоа што нема напредок без наука, потенцирала Јаневска.

Посочила дека Министерство за образование и наука од оваа година дополнително ја зголеми поддршката за талентирани ученици кои учествуваат на меѓународни натпревари. Согласно новиот Закон за средно образование, Министерството ги покрива трошоците за котизација и пат, односно за учество на една од 15-те меѓународни научни олимпијади.

-Иднината зависи од тоа колку сега вложуваме во откривање и негување на потенцијалот на најталентираните. И не само за учениците, финансиска поддршка за прв пат е обезбедена и за акредитираните здруженија на наставници кои организираат меѓународни олимпијади за средношколци во Македонија, нагласила министерката Јаневска.

Натпреварот е во организација на Друштвото на физичарите на Македонија, под покровителство на Балканскиот сојуз на физика, со поддршка од Европското физичко друштво, Природно-математичкиот факултет во Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дел од финансиските средства за организација на олимпијадата ги обезбеди Министерството за образование и наука.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Прекрасна млада месечина (хилал) на небото над Истанбул

Следно

Американската амбасада ги предупреди своите државјани да избегнуваат подрачја во Белград

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Растот од над 3% на БДП е показател за напредок

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Не му се верува: “Еве како реагира Зидан по трите гола на Меси во мрежата на неговиот син!“(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Француската легенда Зинедин Зидан беше на стадионот во Канзас Сити за да го гледа натпреварот од Светското првенство помеѓу Аргентина и Алжир во живо. За жал за Зизу, неговиот син Лука

Трамп: Ако Иран не го почитува договорот, ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ НА БОМБАРДИРАЊЕТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во Франција денес дека привремениот договор со Иран сè уште не е конечен и предупреди дека Вашингтон би можел

БОЖИНОВСКА – ПОПОВ: МЕРМС и МАНУ ќе ги обединат експертизата и науката за развој на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна
Go toTop