Официјален Техеран се дистанцира од новата рунда преговори со САД

April 20, 2026
1 min read

 Откако американската морнарица отвори оган и заплени ирански товарен брод, од Иранското министерство за надворешни работи сметаат дека Вашингтон покажал несериозност да води било каков дипломатски процес и рекоа дека засега немаат во план да ги продолжат преговорите.

-Знаете дека Америка тврди дека ја поддржува дипломатијата, но во исто време презема одредени чекори што докажуваат дека Вашингтон не е сериозен во следењето на патот на дипломатијата. Му кажавме на пакистанскиот медијатор и јасно ставивме до знаење дека прекинот на огнот во Либан мора да биде вклучен. Потоа се соочивме со поморска блокада и видовте како Американците го нападнаа иранскиот брод и како го прекршија прекинот на огнот,- -Есмаил Багаи, портпарол на Министерството за надворешни работи на Иран.

Спроти тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран се согласил да ја запре програмата за збогатување на ураниум и да ги предаде постоечките резерви на САД,  Иранските високи претставници остро се спротиставија на ова тврдење и рекоа дека за тоа воопшто и не се преговара. Доналд Трамп пак е на ставот дека на Иран му е понуден фер и разумен договор кој доколку не го прифатат, САД ќе ги срушат сите електрани и мостови во Иран.

-Тие немаат морнарица, немаат воздухопловни сили, немаат водачи, немаат ништо. Тоа е промена на режимот. Вие го нарекувате тоа присилна промена на режимот. Тие сакаа повторно да го затворат теснецот, како што правеа со години, но не можат да нè уценуваат. Ние заземаме цврст став, тие убија многу луѓе,- -Доналд Трамп, Претседател на САД.

Иако засега нема официјална потврда, според американските медиуми, американската делегација веќе патува за Исламабад, каде пак пакистанските медијатори ќе се обидат да го стават отворањето на теснецот како клучно прашање за продолжување на преговорите.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Берзата денес со промет од над 7,2 милиони денари: раст на МБИ10, најактивни банкарските акции

Следно

Filkov: Ligji për Këshillin Gjyqësor tashmë po jep rezultate konkrete

Latest from Blog

Ливерпул повторно без Гакпо, Баркола доби „зелено светло“ за настап

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC/ Коди Гакпо е под знак прашалник за настап на денешниот натпревар на Ливерпул против Фулам во Премиер лигата. Холанѓанецот го пропушти дуелот со Атлетико Мадрид поради проблем со препоните, а тренерот

Трамп пристигнува во посета на Ирска: Се подготвуваат протести, полицијата е на нозе

Трамп ќе присуствува на состаноци во главниот град на Ирска, Даблин, како и во неговиот голф одморалиште во Дунбег, округот Клер, кој е домаќин на Ирскиот опен. Ирскиот премиер Мајкл Мартин рече

Божиновска за „ТЕССА Енерџи“: Секој нов енергетски капацитет ја зајакнува сигурноста и стабилноста на државата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата когенеративна централа на „ТЕССА Енерџи“ во Општина Чаир, на настан на кој присуствуваа и

Министерство за финансии: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики

12 септември 2026 година, Скопје – Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија на ниво „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи ги позитивните перспективи за економски раст, силната
Go toTop