Одземен е пасошот на претседателот на судот во Гостивар, осомничен за мито

May 14, 2026
2 mins read

Од Кривичниот суд информираат дека е одземен пасошот на В.Д. претседателот на основниот суд во Гостивар, Елјеса Алији, кој е осомничен за примање на мито.

-Постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство за определување мерки претпазливост, на 14.05.2026 година, судот донесе решение со кое го уважи предлогот на обвинителството и на лицето Е.А. вработен како В.Д. Претседател на Основен суд Гостивар му определи мерки на претпазливост и тоа: обврска да се јавува повремено на службено лице, привремено одземање на постојната патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преминување на државната граница со патна или друга исправа и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривично дело, информираа од Кривичниот суд.

Од Судот појаануваат дека не можеле да одредат построга мерка, бидејќи обвинителството не барало притвор.

-Со оглед дека од страна на обвинителството предлозите беа поднесени за определување на мерки на претпазливост, судот не може да одлучи да определи построга мерка за осомничените, додаваат од Кривичен.

Оттаму додаваат дека мерки на претпазливост се одресени и на соамничениот судски администратор.

-Воедно, судот со решение, а постапувајќи исто така по предлог на надлежното обвинителство за определување мерки претпазливост, на 14.05.2026 година, на лицето Б.Д., вработен како судски администратор во Основен суд Гостивар, му определи мерки на претпазливост и тоа: обврска да се јавува повремено на службено лице, привремено одземање на постојната патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преминување на државната граница со патна или друга исправа и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, велат од судот.

Оттаму појаснуваат дека на двајцата осомничени определени им се мерките поради основано сомневање за сторено кривичното дело – Примање награда за противзаконито влијание.

Денеска од предметен јавен обвинител од ОЈО ГОКК беше донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Осомничените, како што информира ОЈО, во периодот од јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како претседател и судски администратор, барале и примиле парична награда во износ од 8.000 евра, а второосомничениот и износ од 800 евра, со цел да интервенираат кај судија на Основниот суд Гостивар и совет на судии во Апелациониот суд Гостивар за извршување службено дејствие што не би смеело да се изврши.

-На почетокот на 2023 година осомничените му ветиле на лице кое било странка во постапка во граѓански спор да му помогнат. За надомест од 5.000 евра тие требало да интервенираат кај судија во Основниот суд Гостивар да донесе решение за повторување на постапката за која била донесена одбивателна пресуда. Откако не успеале, повторно, по барање на осомничените на дополнителни парични средства во износ од 3.000 евра требало да интервенираат кај судии во втор степен за укинување на решението со кое не било дозволено повторување на постапката. Подоцна износ од 800 евра како награда му биле дадени на второосомничениот со цел да заврши работа по однос на доставениот писмен документ од извршител, соопшти ОЈО.

Извор: zurnal.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Меџити на конференција „Жената и семејството“: Жените се двигател на демократијата

Следно

Трамп до Си: Чест ми е да бидам твој пријател

Latest from Blog

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот

Проданоски: Прилеп е целосно подготвен за превенција и брза реакција при пожари на отворено

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за

Министерство за финансии: Собранието усвои ново законско решение за игри на среќа – засилена контрола и повисоки стандарди за приредувачите

 јуни 2026, Скопје –  Собранието денеска го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, со кој се воспоставува современа, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област.  

Проданоски: Институциите во Прилеп се целосно подготвени за справување со пожари

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за
Go toTop