Одмазда на САД: Воздушни напади во Сирија и во Ирак

February 3, 2024
1 min read

По убиството на тројца американски војници во Јордан, во близина на сириската граница, САД реагираат со голем контраудар врз цели во Ирак и во Сирија. Американската армија објави дека бомбардирала повеќе од 85 цели од воздух, меѓу другото командни централи, бази на тајни служби и складишта со оружје, користени од иранската Револуционерна гарда и со неа поврзаните милиции.

Во одмаздничкиот напад на Американците, војската во фокус имала седум поголеми позиции, од кои три во Ирак и четири во Сирија. Операцијата ја извеле бројни воени авиони, вклучувајќи и стратешки бомбардери од типот Б-1, кои биле испратени од САД.

Извештаи за мртви и ранети

Портпаролот на Националниот совет за безбедност, Џон Кирби истакна дека изборот на целите бил внимателно правен за да се избегнат цивилни жртви, тој се базирал на цврсти докази за поврзаност на целите со нападите кои беа извршени во регионот врз американските војници.

Според Кирби, не е познато дали во  воздушните напади  загинале припадници на милициите.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон јави дека биле убиени најмалку 18 членови на  проиранските милиции во Сирија,  наводите не можат да бидат независно проверени. За американските напади во области во Сирија јавија и сириските медиуми.

Локални медиуми во Ирак пак известуваат за повеќе загинати и ранети, меѓу кои освен милиционери се и цивили. Погодени биле  позиции во Ал Кваим, како и командната централа на проиранскските народни мобилни единици во регионот Акашат на границата со Сирија.

Во сопствено соопштение ирачката армија ги потврди американските напади во ирачките гранични области, обвинувајќи дека тие претставуваат кршење на суверенитетот на земјата и „опасност кој Ирак и регионот ќе го вовлечат во непредвидливи последици, што ќе имаат стравичен одраз врз безбедноста и стабилноста“, како што истакна армискиот портпарол./DW

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден: Возвративме на нападот врз американската база

Следно

Туркије: Во антитерористички операции приведени 17 осомничени поврзани со нападот во црквата во Истанбул

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop