„Одлуката на Израел да ги ‘легализира’ населбите на окупираниот Западен Брег го прекршува меѓународното право“

July 5, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турското Министерство за надворешни работи денес соопшти дека одлуката на Израел да „легализира“ некои населби и да одобри нови станбени единици на окупираниот Западен Брег претставува флагрантно кршење на меѓународното право, јавува Анадолу.

„Овие чекори покажуваат дека Израел се обидува да ја направи окупацијата трајна и нема намера да постигне мир“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се повикува глобалната заедница да заземе „цврст и принципиелен став против обидите на Израел да ја нормализира окупацијата“.

Израелскиот кабинет минатата недела ги одобри чекорите предложени од министерот за финансии, Безалел Смотрич, со цел да се „легализираат“ населбите на Западниот Брег и да се воведат санкции за палестинската управа.

Официјалниот израелски радиодифузен орган КАН на 28 јуни објави дека израелскиот безбедносен кабинет го одобрил планот на Смотрич да се спротивстави на признавањето на палестинската државност и постапките против Израел пред меѓународните судови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новиот британски премиер Стармер ѝ се обрати на нацијата, ја истакна својата посветеност на единството и јавната служба

Следно

Претседателката на Советот на јавни обвинители смета дека треба да има индивидуална, а не колективна одговорност

Latest from Blog

Берзански ден со мешани резултати: Промет од 16,34 милиони денари, Макстил во минус, Стопанска и Уни Банка со раст

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 26 март 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,02% и заврши на 9.948,04

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап
Go toTop