Одбележан 20 Мај – Денот на македонските пожарникари 20.5.2023

May 20, 2023
1 min read

Во објектот на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) во Автокоманда денеска беше одбележан 20 Мај – Денот на пожарникарите. Градоначалничката Арсовска им се заблагодари на скопските пожарникари за професионалноста, посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат секој ден вршејќи ја својата професија во заштита на безбедноста на граѓаните.

– Пожарникарите се хероите на нашиот град, кои секогаш будно следат и брзо дејствуваат за да ја заштитат нашата безбедност и сигурност, кои честопати изложувајќи се на опасни и тешки задачи нашите животи ги ставаат и пред својот. Брзата реакција при катастрофи, безбедноста и сигурноста на граѓаните се меѓу приоритетите на Градот Скопје, а тоа на терен секојдневно го докажуваат пожарникарите од скопската Противпожарна бригада кои несебично се вложуваат за да спасат човечки животи и јавни добра. Тоа ги прави херои на градот со кои граѓаните на Скопје се гордеат – рече Арсовска.

Градоначалничката Арсовска истакна дека правата на припадниците на бригадата заштитија и се работи постојано за подобрување на условите за работа.

– Продолжуваме посветено да работиме за унапредување на условите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, за обуки и опрема за пожарникарите кои се неопходни за зголемување на нивната подготвеност за интервенции, набавивме за прв пат по децении возила и опрема неопходни за нивната работа, а денес им доделуваме и парична награда како наша благодарност за тоа што го прават секој ден за да бидат граѓаните сигурни и безбедни  – рече Арсовска. 

Во рамките на денешното одбележување, скопските пожарникари изведоа три противпожарни вежби, а беше промовирана и новата противпожарна опрема набавена за потребите на Противпожарната бригада на град Скопје.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жорди Алба ја напушта Барселона

Следно

Концерт на „Фолтин“ во Тирана

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop