Од Самитот на Д-8 во Каиро, Ердоган побара ембарго на оружје, стопирање на трговијата и изолација на Израел

December 19, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес повика на воведување ембарго за оружје за Израел, ставање крај на трговијата со таа земја и нејзина меѓународна изолација, јавува Анадолу.

Во своето обраќање на Самитот на Д-8 во Каиро, Ердоган ги нарече овие мерки клучни чекори за барање одговорност од Израел за неговите постапки во регионот.

„Ги гледаме чекорите на Израел кои го занемаруваат територијалниот интегритет на Сирија, вклучително и проширувањето на нелегалните населби на Голанската Висорамнина“, рече тој.

Ердоган повика и на покоординиран одговор од исламските земји, особено од земјите членки на Д-8.

„Како исламски земји, ние мора да ги водиме чекорите што можат да се преземат против Израел“, рече Ердоган.

Турскиот претседател истакна дека таквиот обединет став е од витално значење за регионалната стабилност и за праведен и траен мир на Блискиот Исток.

„Сметам дека Д-8 мора посилно да одговори на беззаконието што ја загрозува стабилноста на Сирија и нашиот регион“, додаде тој.

Посочи дека долгорочна цел треба да биде започнување на процес на преговори за дводржавно решение за прашањето на Израел и Палестина.

„Се надевам дека воспоставувањето примирје во Либан и падот на режимот на Асад во Сирија ќе означат почеток на попозитивна ера“, истакна турскиот претседател Ердоган од Самитот во Каиро.

Израел ги интензивираше воздушните напади низ Сирија во последните денови, гаѓајќи ги воените локации, по соборувањето на режимот на Башар ал-Асад на 8 декември од страна на антирежимските групи, што претставува јасно кршење на сирискиот суверенитет.

Израелската Влада прогласи прекин на Договорот за недејствување со Сирија од 1974 година, со кој беше воспоставена демилитаризирана тампон-зона во Голанската Висорамнина окупирана од Израел.

Израелската војска оттогаш распореди сили во тампон-зоната, потег што го осудија ОН и неколку арапски земји.

Во неделата, Владата едногласно го одобри планот предложен од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за изградба на еврејските населби на окупираната сириска Голанска Висорамнина, со буџет кој надминува 40 милиони шекели (11,13 милиони долари).

Голанската Висорамнина е сириска територија окупирана од Израел од војната на Блискиот Исток во 1967 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лазаров избра 20 ракометари за Светското првенство, Талески не е еден од нив!

Следно

Даути повторно ја крена „рампата“ на законот за бранители, му поминал рокот

Latest from Blog

(ВИДЕО) Тежок судир на трката во Формула 2

Огромен инцидент се случи денес во Формула 2 и најпрво да кажеме дека сите тројца инволвирани возачи се добро. Возачите Сами Мегетоуниф, Лук Браунинг и Арвид Линдблад не претрпеа големи последици благодарение

Марта Кос ќе се сретне со лидерите од Западен Балкан во Скопје за Планот на ЕУ за раст за регионот

СКОПЈЕ (АА) – Еврокомесарката за проширување Марта Кос ќе се сретне со лидерите на земјите од Западниот Балкан в понеделник и вторник во Скопје, со цел забрзување на напорите за спроведувањето на

ВЛЕН: Предавството од 2021 ќе се исправи – ДУИ: Одговорност за тие што ја поткопуваат еднаквоста и меѓуетничките односи

Коалицијата ВЛЕН смета дека пописот на населението во 2021 година претставува предавство и една од најголемите институционални неправди што некогаш им е направена на Албанците во Северна Македонија. „Ова не беше статистички

Во Грција регистриран смртен случај од Конго-кримска хеморагична треска

Смртен случај од Конго-кримска хеморагична треска бил регистриран во грчката општина Еласона, во областа Лариса, а станува збор за пациент постар од 70 години, кој бил хоспитализиран во болница со сериозно влошена
Go toTop