Разорниот земјотрес во Турција со јачина од 7,7 степени по Рихтер речиси разурна десетина провинции и одзеде над 45 илјади животи.
Најпогодено подрачје е Хатај каде е лоциран епицентарот на потресот, а градот е речиси срамнет со земја.
Овие денови дрон од воздух откри како изгледа срушениот град до темел, а на едно видео се гледа како од една зграда стојат само столбовите од истата.
Она што го забележал дронот е дека на покривот од оваа зграда стои гнездото на гулаби кои е неоштетено во разорниот потрес и тие спокојно престојуваат во него додека илјадници граѓани ги загубија своите домови.
ИЗВОР: kurir.mk