Од државниот Буџет лани се исплатени повеќе пари за домашните отколку за странските инвеститори

March 16, 2024
1 min read

Во 2023 година од државниот Буџет се исплатени повеќе средства за домашните отколку за странските инвеститори во Северна Македонија. Соодносот е околу 55:45 во полза на македонските компании.

-Со тоа за прв пат домашните инвеститори ја добиваат вистинската и, секако, реално заслужената предност, изјави Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за ТИРЗ на гостувањето на телевизиска емисија додавајќи дека нема никакво законско ограничување за влез на домашни инвеститори во македонските економски зони.

Директор на Дирекцијата за ТИРЗ се осврна и на странските инвестиции во земјава и регионот.

Во последните две години државата постигна највисоко ниво на странски инвестиции во историјата. Притоа и членството во НАТО игра значајна улога бидејќи, според податоците на НБРМ, само во периодот 2021 – 2023 година по основ на надворешни инвестиции регистрирани се близу две милијарди евра, посочи Деспотовски.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во турската престолнина Анкара наскоро ќе се отвори Републичката кула на Ататурк

Следно

Хари Кејн постави нов рекорд во Бундеслигата

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop