Од денеска „Паркинзи на општина Центар“ ќе вршат и комунални услуги

April 3, 2023
1 min read

Советот на Општина Центар на последната седница изгласа префрлување на хигиеничарите во општинското јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ со што претпријатието ќе извршува и комунални услуги.

Префрлувањето на вработените и механизацијата е планирано за денеска, а целта на оваа дополнителна дејност на ПОЦ е ефикасно организирање и одржување на јавната чистота на јавните површини, одржување на зеленилото на јавните патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на Општина центар.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски напомена дека хигиеничарите иако ќе бидат префрлени во ПОЦ финансирањето на платите ќе продолжи да се извршува од Буџетот на општината.

-Во делот на работењето, во делот на ова преземање на хигиеничарите разговаравме уште минатата година и тоа беше усогласено. Од 3ти април се префрлаат сите хигиеничари заедно со механизацијата за кои и понатаму ќе се грижи општината. Имаме во програма и во буџет предвидено средства за истата. Имаме на број околу 110 хигиеничари. Ќе вложуваме и оваа година верувам и следната и ќе помагаме и ќе субвенционираме работење на ПОЦ поради тоа што и самите хигиеничари се таму и ние како општина мораме да одвојуваме средства и за нивните плати и за опремата којашто е на користење, изјави Герасимовски на Седницата на Совет.

Обврски на хигиеничарите кои ќе работат во рамки на ПОЦ ќе бидато држување на чистотата на јавните површини (чистење на смет, празнење на уличните корпи за отпадоци, чистење на суви лисја, гранки и сл.), одржување на зеленилото на јавните површини и паркови на територија на Општина Центар (косење трева, поткастрување гранки и сл.), одржување на локалните улици, патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на Општина Центар чистење на пешачките премини, пешачките патеки, плочници и тротоари, целосно чистење на мостовите, чистење на снег од уличните клупи и корпи за отпадоци) и сл.

Со префрлање на хигиеничарите од општина во јавното општинско претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ градоначалникот Герасимовски исполни уште едно предизборно ветување, велат од општина Центар.

ПОЦ отвора нов сектор и освен за паркинзите ќе води грижа и за хигиената во општината.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почнува хашкиот процес против поранешен претседател на Косово, Тачи

Следно

Спалети: Нашиот замор и одличниот Милан причини за високиот пораз

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop