Од босанската компанија „Енергоинвест“ ниту трага ниту глас, ниту одговори каде и кој ја закочи работата со проектот

November 13, 2024
1 min read

Од новото раководство на МЕПСО нема официјален коментар дали имало основ за анексот со „Кончар“ и зошто се одобрени дополнителни 3 милиони евра. Единствено потврдуваат дека работите на терен се одвиваат интензивно:

„Новиот менаџмент на АД МЕПСО будно и секојдневно ги следи активностите на терен, инсистирање на забрзување на потребната динамика, а во насока на целосно реализирање на проектот,“ соопштија од МЕПСО.

„Кончар“: Пречките се надминати, проектот продолжува

Од компанијата „Кончар“ изразија задоволство од напредокот и потврдија дека проектот се одвива според договорената динамика:

„На почетокот на имплементацијата се соочивме со бројни пречки предизвикани од пандемијата и руската агресија врз Украина. После долги преговори и согласност на сите страни, продолживме со активностите. Очекуваме проектот да биде завршен во рокот кој го добивме со анексот,“ изјавија од „Кончар“ Загреб.

„Енергоинвест“: Без одговори и без прогрес

Од босанската компанија „Енергоинвест“, која е вклучена во реализацијата на проектот, нема одговори. Лицето Нусрет Куновац, нивен претставник во Македонија, во телефонски разговор потврди дека ќе одговори на прашањата испратени по е-пошта, но одговори не стигнаа. Тој повеќе не одговара ниту на телефонските повици и пораки.

Нефи Усеини: Тишина и од подизведувачот

Слично на „Енергоинвест“, и подизведувачот Нефи Усеини не даде одговори на поставените прашања, оставајќи дополнителни сомнежи околу застојот во реализацијата на проектот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џијан Емин меѓу светската музичка елита на џез фестивалот во Гимараеш

Следно

Џон Тун избран за лидер на републиканците во американскиот Сенат

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop