Од Берлин до Скопје: Пловечки универзитет со предавање за урбан активизам

May 29, 2025
1 min read

Вчера, во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје, се одржа предавање на значајниот архитектонско-уметнички експериментален колектив од Берлин, „Пловечки универзитет“ претставен од предавачите Кристин Лаз и Дејвид Нил Морси кои исклучително ја заинтересираа публиката. Ова предавање е дел од програмата Градот како сцена: еколошки иднини,  во организација на Факултет за работи што не се учат и АКТО, а истовремено ја најави повеќедневната работилница на колективот со студенти од повеќе сродни факултети во киното на Железничката зграда во Скопје.

„Пловечки универзитет“ со своето предавање оставија силен впечаток пред македонската публика составена од различни професионалци и граѓани заинтересирани за нивната работа, токму поради темата на предавањето кое се однесуваше на методи на урбана пракса. Публиката имаше можност да се запознае со она што го работат преку нивните еколошко-ахитектонски визии, но и да ги видат урбаните делувања и примери преку кои се обидуваат да го трансформираат јавниот простор.

Во оваа смисла, се отворија и пошироки прашања за тоа што всушност урбаните трансформации и методите кои се користат, значат во јавниот простор во Берлин, ресурсите, поддршката и нивното остварување наспроти она што може да се научи и да се преземе тука, кога размислуваме за урбаните еколошки иднини, одржливоста, но и нови концепти за работа и инспирација. Еколошката одржливост и перспектива на тие трансформации беше во фокус на настанот, но и воопшто нивната работа и визии за опстојување.

Во контекст на предавањето на колективот, но и нивната посета до сабота во Македонија, тие продолжуваат да работат на конкретен пример преку киното на Железничката зграда во Скопје, каде заедно со избраните учесници на отворен повик се фокусираат на неговата иднина преу концептите на ре-употреба и сценографска итервенција во јавните простори, демократското и солидарно градење заедништво и потенцијалот кој може да се искористи за вклучување на различни актери кои можат да придонесат за менување на урбаните простори и активностите кои можат да бидат дел од промените на просторот.

Мајската програма на Градот како сцена: Еколошки иднини, завршува во сабота, со перформативна јавна работилница на која ќе се презентираат резултатите од повеќедневниот процес насловен како ИДНИНАТА НА КИНОТО [релациите] во ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ЗГРАДА-модели на управување преку [урбано] готвење.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орбан со благодарност до Мицкоски за заштитата на европската граница од миграцијата

Следно

Партиите официјализираат кандидати за градоначалници – „Вреди“ ќе почека и други групации да се приклучат на коалицијата

Latest from Blog

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако пловниот пат не биде целосно отворен во рок од 48 часа. Заканата од ирански напади за време на американско-израелската

Манасиевски: Дали Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

На денешната прек конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ упати неколку прашања кој СДСМ, тој паташа: „СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки

Николоски најави – Штип ќе стане туристички центар со ново вештачко езеро

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

Екипата на Јувентус синоќа направи нок кикс во домашниот Серија А шампионат, откако одигра на домашен терен само 1:1, против екипата на Сасуоло. Иако поведе на време уште во 14. минута преку
Go toTop