Партиите официјализираат кандидати за градоначалници – „Вреди“ ќе почека и други групации да се приклучат на коалицијата

May 29, 2025
1 min read

Партиите започнаа да ги официјализираат кандидатите за градоначалници. Органите на ВМРО-ДПМНЕ утврдија 25 кандидати и најголемиот дел од нив веќе предводат општини, како Бутел, Аеродром, Ѓорче Петров, но и Кавадарци и Охрид. Другите кандидати ќе се знаат до 10-ти јуни.

Се уште траат анкетите и за Скопје, а на листата неофицијално се понудени Коце Трајановски, Златко Перински и Орце Ѓоргиевски.

„Се уште се водат анкети и анализи и од страна на Извршниот комитет, меѓутоа и од куќите кои се ангажирани за анкети. Повеќе имиња се во потег во анкетите, па ќе видиме набрзо и за името за Град Скопје.“, вели Ѓорѓија Сајкоски.

Во СДСМ пак, во игра за Скопје се архитектот Мишко Ралев, но и потпретседателката на партијата, Каја Шукова. Засега, социјалдемократите ги потврдија само Томе Христовски за Крушево и Горан Герасимовски за Центар. Герасимовски очекува поддршка за уште еден мандат.

„Отпочнати се процедурите во општинските организации, во делот на давање на предлози за градоначалници на општини, како и на Град Скопје, но и за советничките листи. Верувам дека набрзо, во текот на следниот месец, ќе се обзнаат и останатите кандидати коишто ќе бидат предложени.“, вели Горан Герасимовски.

Анкети прави и коалицијата „Вреди“, но до финалните имиња ќе се почека додека, како што велат, се приклучат и други групации во владејачката коалиција.

„Зборуваме… ВЛЕН е форматиран со Алијанса за Албанците на чело со Арбен Фетаи. Ќе има и други иницијативи, движења кои ќе и се приклучат на ВЛЕН, дали граѓански или политички… Ги чекаме резултатите од сериозните анкети за да ги дадеме најдобрите имиња за кандидати на претстојните локални избори.“, вели Изет Меџити.

Претходно, од Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари истакнаа дека тие очекуваат поддршка и од ВРЕДИ и од ДУИ за кандидатите кои ќе ги имаат во Битола, Кичево, Брвеница, Чашка, Бутел и други општини.

Од ДУИ нема најава кога ќе ги потврдат имињата кои кружат во јавноста, а меѓу нив се Илир Демири, Фатон Ахмети или Бајрам Реџепи за Тетово, Бујар Османи за Чаир, но и Валдет Џафери за Гостивар….

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од Берлин до Скопје: Пловечки универзитет со предавање за урбан активизам

Следно

Евролигата се проширува на 20 екипи

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop