Од 25. владина седница: Препораки до граѓаните и работодавачите поради најави за топлотен бран од утре

June 10, 2024
1 min read
Владата на Република Северна Македонија, на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државава и донесе соодветни препораки.

Од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека на 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза.

Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението за територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, за деновите 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), согласно коишто е предвидено:

1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години;

2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица;

4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Во овој период, 11.06.2024 година (вторник) и 12.06.2024 година (среда) најавено е и дека териториите на Скопскиот и Вардарскиот регион ќе бидат зафатени од високи температури, но од жолта фаза (алерт – подготвеност). Во овие региони ќе важат општите препораки, коишто ќе ги соопшти Министерството за здравство.

 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Листа на ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ: Италија ја брани титулата, Шпанците и Германците рекордери

Следно

АБА2 од следната сезона ќе се игра во Скопје и во Битола

Latest from Blog

Дурмиши: Јас сакам минималната плата да биде и 600 евра

Синдикатите и натаму бараат зголемување на минималната плата на 450 евра, за подобрување на животниот стандард. Министерот за економија Бесар Дурмиши рече дека предвидени средства за зголемување на минималната плата има околу

За градоначалникот на Бутел Костовски нема одмор: Љуботен и Љубанци се приклучуваат на водоводната мрежа на град Скопје

Историскиот проект за снабдување со вода за пиење во Љуботен и Љубанци напредува со одлична динамика, што бележи важен чекор за подобрување на животот на жителите од овие населени места. Градоначалникот на

Сочувство од БПЦ за смртта на владиката Тимотеј, преполно со политизирање и понижување: Скандалозно писмо од Бугарскиот архиепископ

Во писмото со сочувство за починатиот владика г. Тимотеј, покрај зборовите на уважување, се наведува: „Во овие тешки моменти за Вас и за целата Православна црква на Северна Македонија, изразуваме искрено сочувство

Трајков учествуваше на иницијативата „Дрво на пријателството“

Денеска заменик министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ доц. д- р Викторија Трајков присуствуваше на регионалната иницијатива „Дрво на пријателството“, организирана од Европскиот фонд за Балканот (ЕФБ) кое
Go toTop